30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветТргнале во Живинци по работа слушнале необичен звук мислевме дека е маче...

Тргнале во Живинци по работа слушнале необичен звук мислевме дека е маче -Кога ја отворивме кесата видовме дека е бебе

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Кога ја отворив кесата имаше што да видам“ – еве како инженерот Сенад пронајде бебе оставено покрај патот

<

Шокантна глетка која никогаш нема да ја заборават ги дочека во саботата рано наутро двајца мажи кои тргнале на работа во Живиници, БиХ, село на околу 10 километри југозападно од Тузла. Уште поспани слушнале необичен звук покрај патот.

-Мојот колега Исмет кој патува со мене на работа прв забележа нешто чудно. Тој слушна нешто како плачење или цвилење. Мислевме дека некој оставил мачења или кученца. Кога пријдовме до платнената вреќа и ја отворивме, ни се отсекоа нозете! Внатре беше бебе – раскажува Сенад Хасановиќ, се уште видно потресен од настанот.

Вели дека новороденчето било облечено и замотано во ќебенце. Неутешно плачело, но и тивко зошто веќе како да немало и сила.Сенад кој е дипломиран инженер за безбедност и заштита при работа заедно со Исмет веднаш повикале полиција и брза помош, кои бебето го одвеле во болница.

Од болницата потврдија дека се работи за машко новороденче старо еден ден, кое било и премрзнато и прегледнето. Само со чиста среќа е спасено на време, зошто тој ден подоцна во Живиници паѓал силен дожд.

-Бебето е спасено во последен момент. Сега е во стабилна состојба и сместена на клиниката во УКЦ Тузла, рече директорката на Центарот за социјали работи во Живиници, Азра Хоџиќ. Додаде дека им е најважно сега здравјето на детето.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...