19.9 C
Ohrid
четврток, мај 22, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес над 3.000 македонски граѓани преку Ќафасан заминале на плажа во Албанија

Денес над 3.000 македонски граѓани преку Ќафасан заминале на плажа во Албанија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонските граѓани и натаму се меѓу најбројните туристи на албанските плажи. Освен изминатиот период, и сега е голем бројот на оние кои за одмор го избираат албанското крајбрежје, посебно Драч, Валона и Саранда.

<

 

Голема фреквенција и денеска е забележана на преминот Ќафасан, на македонско – албанската граница кај Струга, каде само претпладне на албанска територија влегле над 3.000 патници.

 

-Само првите претпладневни часови преку преминот минаа над 3.000 патници, главно македонски државјани, но има и државјани на други земји. Во текот на вчерашниот ден и денеска вкупно поминале над 12.000 лица, информираат од Дирекција за граница и миграција.

 

Додаваат дека со цел нормално да се одвива протокот на патници и возила да не се создаваат непотребни гужви зголемен е бројот на шалтери на кои се работи.

Од албанската страна работат шест шалтери, четири за влез и два за излез, додека на македонска страна на преминот пет шалтери.

Дел од македонските туристи, кои за одмор ја избрале Албанија минуваат и преку преминот „Блато“ кај Дебар. Станува збор за оние кои одлучиле да одмараат во Шенѓин, град кој е побилску доколку се патува преку Дебар, а каде климата е идентична со онаа со црнгорското летувалиште Улцињ.

тв 21

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче во Јапонија се сретна со будистичкиот монах, Шоин Ониши

Во текот на работната посета на Јапонија, денес со раководителот на секторот за аналитика во ЦУК Стевко Стефановски, ја посетивме Градската противпожарна служба на...

Филипче: Со новиот кредит од 6 милијарди, секое новородонче ќе должи по 6000 евра

Да се зајмиме 6 милијарди евра, знали дека секое новороденче во наредните 25 години, непосредно по раѓањето, ќе должи 6.000 евра, истакна лидерот на...

Собранието ќе одлучува за Трајко Славески – за гувернер потребно мнозинство од 61 пратеник

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова, официјално го предложи универзитетскиот професор Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. Со...

Самохрана мајка од Кочани напуштила работа за да се грижи за повредениот син. (Вознемерувачки фотографии во видеото)

Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за „Support Kocani“ објасни за тешката состојба во која се наоѓа. Таа посочува дека има возрасна мајка...