3.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаАко оздравените од Ковид 19 немаат симптоми нема потреба да се тестираат...

Ако оздравените од Ковид 19 немаат симптоми нема потреба да се тестираат повеќе за потврда.

spot_img

Министерството за здравство информира дека од денеска, во системот на МојТермин, е во функција новиот алгоритам за оздравување на пациенти заболени со КОВИД-19. Новиот алгоритам се однесува на пациентите на домашно лекување, но не ги опфаќа хоспитализираните пациенти.
За прв ден на заболување се зема денот на првиот потврден позитивен тест.

-За разлика од досегашниот алгоритам, каде со истек од 14 дена беше потребно да се добијат 2 негативни последователни тестови во 24-48 часа, согласно светските истражувања, сега еден пациент, доколку е асимптоматски во период од 10 дена, ќе се смета за оздравен на 11тиот ден.

Доколку еден пациент имал симптоми во текот на болеста – истиот ќе се смета за оздравен по истекот на минимум 20 дена, односно 21 ден само во случај ако последните 3 последователни дена немал симптоми на болеста.

Процесот на оздравување сега е во целост поврзан со Дневните извештаи кои ги пополнуваат матичните лекари за своите позитивни пациенти и Регистарот за позитивни КОВИД-19 пациенти.

Во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин се проверува дали за секој нареден ден има пополнет дневен извештај од матичен лекар или негова замена. Доколку во 10 последнователни дена има дневни извештаи и истите се одговорени со не/нема: истоштеност, болки во зглобови и/или мијалгија, кашлица, искашлок, отежнато дишење, дијареа, а температурата на пациентот е помала од 37.5 тогаш добива статус – Предлог за оздравен.

Доколку во 10 последнователни дена има барем еден извештај каде на било кое прашање од погореспоменатите е одговорено со да/има, пациентот добива статус – Предлог за оздравен со истекот на минумум 20 дена (односно 21 ден) само во случај ако последните 3 дена се асимптоматски.

Доколку по истекот на 20 дена пациентот нема три последователни асимптоматски дена, предлогот за оздравен ќе биде после три последователни асимптоматски дена. Се додека пациентот не добие статус „Предлог оздравен“ истиот има статус „Болест во тек“.

Пристап до статусот на пациентите во Мој Термин ќе имаат епидемиолозите во Центрите за јавно здравје (ЦЈЗ). Секој Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) ги гледа само пациентите на кои матичниот лекар на пациентот се наоѓа на подрачје кое го покрива конкретното ЦЈЗ, а за пациентите кои немаат избрано матичен лекар (домашни или странски) пристап до статусот имаат сите Центри за јавно здравје. За пациентите кои немаат избрано матичен лекар пополнувањето на дневните извештаи за состојба на пациентот го прави епидемиолошка служба од надлежниот центар за јавно здравје кој ја направил епидемиолошката анкета.

За потсетување, минатата недела Комисијата за заразни болести го усвои новиот протокол за ослободување на пациентите од изолација. Откако кон крајот на мај, Светската здравствена организација и Европскиот центар за контрола и превенција на болести дадоа нови насоки/препораки за ослободување на пациентите од изолација, МАНУ анализираше повеќе од 10.000 тестирања и утврди дека кај пациенти кај коишто е дијагностициран SARSCoV-2 вирусот, независно од резултатот на последователното контролно тестирање, не е присутен виабилен – репликативно компетентен, односно вирус којшто може да е доволно силен за да предизвика зараза, информираат од Министерството за здравство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...