5.9 C
Ohrid
петок, април 19, 2024
ПочетнаМакедонијаНема ден а да не е нападнат полициски службеник во Македонија??

Нема ден а да не е нападнат полициски службеник во Македонија??

Настаните случени на територијата на Охрид и Струга повторно доминираат во Полицискиот билтен на МВР.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(21) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. На 16.08.2020 година, во Струга, на улицата „Владо Малески“, на спортски терен при обезбедување на ракометен натпревар, полициски службеник од ОВР Струга, бил нападнат од Ѓ.Д. по што тој се дал во бегство, но потоа бил приведен во Полициската станица во Струга.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Ц. (72) од Струга и правно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Првопријавената во периодот од 01.07.2019 до 30.09.2019 година, давала лажни податоци за своите приходи и приходите на правното лице на име на ДДВ и ПДВ со што за себе и за правното лице се стекнале со противправна имотна корист во износ од 828.020 денари, а на штета на Буџет на Република Македонија.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.М.(50) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување и „узурпација на недвижности“. Во временски период од 2015 до 2019 година, на брегот на Охридското Езеро, пријавениот присвоил опрема во сопственост на кајакарски клуб и кајакарска федерација на Република Македонија и истите ги впишал на пописна листа на новоформиран клуб, а воедно узурпирал место покрај езерото, во државна сопственост.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 05.08.2020 во 16:30 часот, од полициски службеници при контрола на лица, на кои им било издадено решение од ДСЗИ за здраствен надзор и домашна изолација, пријавениот не бил затекнат во неговиот дом.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.К.(28) од селото Лешани, Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 25.06.2020 година, на магистралниот пат кај селото Подмоље, пријавениот, бил затекнат со патничко возило „Фолксваген“ како превезува 21 патник, иако возилото било предвидено за превоз на девет патници, со што не ја почитувал Уредбата од Влада на Република Македонија, за организирање на јавен превоз на патници за време на епидемија.

– СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.М.(60) од Скопје и правно лице од Скопје, со седиште во Скопје, за сторено кривично дело“ непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 15.07.2020 година, на магистралниот пат кај селото Подмоље, В.М. бил затекнат со автобус „Сканиа“, сопственост на второпријавеното правно лице, како превезува 38 патници, со што не ја почитувал Уредбата од Влада на Република Македонија, за организирање на јавен превоз на патници за време на епидемија. (Крај)

извор: МВР фото: архива

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нема влада без Левица…

Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за...

Македонската професорка Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот

Научниот вонреден професор, Светлана Мојсов од Универзитетот „Рокфелер“ е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит...

Јакимовски од Охрид: Треба да направиме автопат од Св. Стефан до Св. Наум, да направиме тунел под Галичица

Јакимовски, вчера попладне оствари средба со граѓани на Охрид, пред кои ги презентираше седумнаесетте точки од предизборната програма за претстојните претседателски избори. Доколку ја добие...

Таравари: Гарантираме 800 евра минимална плата !!!

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари на денешната прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа,...