12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаДеветгодишниот Теодор Грујоски од Битола е добитникот на наградата – Гајдата на...

Деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола е добитникот на наградата – Гајдата на Пеце

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Деветгодишниот Теодор Грујоски од Битола е добитникот на наградата – Гајдата на Пеце на годишнашниов 46 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ кој заврши синоќа на Рудина, Долнени. Теодор од четири години свири на гајда и како што велат етномузиколозите голем дел вештини ги совладал и ги преточува во синхронизираните звуци. Со тоа заврши годинешново издание на Фестивалот. А добитник на Гран-при наградата е вокално-инструменталниот состав „Аманет“ од Скопје.

<

 

Синоќа на Рудина, лулката на гајдаџиството и на Фестивалот се претставија групи и поединци од Македонски Брод, од Кочани, Демир Капија, од Битола, од Новаци, Битолско.

Фестивалот се одвиваше со примената на сите заштитни мерки и со почитување на протоколите за културни манифестации. Според уметничкиот директор на Фестивалот, Родна Величковска, етномузиколог од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и во вакви услови се остварува заложбата на Фестивалот за негување и зачувување на изворниот мелос.

– Мора да се грижиме за здравјето, се надевам дека со сите мерки тоа го направи и Фестивалот, но и се погрижи, би рекла и за духоното здравје на сите – да ја слушнат и да уживаат во богатиот изворен мелос. Имаме квалитет и потенцијал и помеѓу помладите генерации, тоа на дело и го покажувааат наше е да ги продолжим грижата и изучувањата на фолклорното богатство, зашто имаме и аманет од народот како негов идентитет во опстојувањето, рече Величковска.

Во рамките на Фестивалот се одржа научен симпозиум на тема „Фолклорот некогаш и денес“, а беше промовиран и вториот зборник со трудови на оваа тема.

libertas

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...