17.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаСредношколците излегуваат на протест, бараат комбинирана настава !!!!

Средношколците излегуваат на протест, бараат комбинирана настава !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Средношколскиот сојуз не отстапува од закажаниот протест в понеделник (31 август) и покрај тоа што со одлука на Владата почетокот на учебната година е одложен за еден месец односно за 1 октомври.

<

Сојузот бара почетокот веднаш да биде со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека учебната година да почне на 1 октомври бил нивни предлог кога нивни претставници беа на средба во Владата, затоа што сметале дека треба да има повеќе време надлежните да подготват комбиниран модел на настава за кој тие се залагаат.

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени. Инсистираат на комбинирана настава и затоа протестот не го откажуваат.

Во изјавите од Владата имаше промена на реториката и демагогиоја и за да се одземе вниманието за протестот рекоа дека ќе има комбиниран модел. Ние ќе протестираме за да имаме комбиниран модел од 1 октомври, а не наставата да почне онлајн, а моделот да се смени потоа, накај ноември, изјави Ходаи.
На средбата со Комисијата за заразни болести, како што рече, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.

Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде Ходаи.
Сојузот на средношколци има ограноци во 17 градови во земјава и, како што рече нивниот лидер, ќе имаат голем број претставници на протестот в понеделник, а ќе им се придружат и родители кои поддржуваат модел за кој тие се залагаат. Почетокот на протестот е закажан во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и е планирано да заврши пред Владата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...