13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев ја покажа својата хуманост: Им вети на екс пратениците дека ќе...

Заев ја покажа својата хуманост: Им вети на екс пратениците дека ќе им најде работа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зоран Заев, премиерот на Владата, пред денешната средба со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за апанажите, рече дека ќе им помогне на пратеници од поранешниот собраниски состав веднаш да бидат ангажирани на други позиции и работни места во јавниот сектор.

<

– Голем процент од поранешниот пратенички систав ќе има од мене лично понуда да се вгради во јавните институции. Не зборувам за директорски места, туку зборувам за позиции кои што ќе значат искористување на нивното драгоцено искуство и капацитет, да може да влезат во самите институции и да продолжат да креираат за својата држава, затоа што кога извршувале највисоки државни функции, редно е тие профили кои имаат свои експертизи и профили да придонесат во функција на државата. И следните месеци ќе бидат месеци на донесување на такви одлуки, така што верувам дека 50 до 60 отсто од овие апанажи веднаш ќе опаднат затоа што ќе има нова функција за нив, рече Заев пред новинарите.

Тој додаде дека на поранешните пратеници и други функционери нема да биде можно да им се намалат сумите за апанажи, затоа што, како што вели тој, треба да се носат законски измени кои не би важеле ретроактивно.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...