29.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаСлеп маж од Радовиш три дена останал без леб во текот на...

Слеп маж од Радовиш три дена останал без леб во текот на карантинот !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во текот на карантинските месеци слеп маж од едно радовишко село, кој од почетокот на годината живее сам бидејќи неговата сопруга починала, се соочил три дена да нема леб и никој не можел да му донесе.

<

Ова е една од приказните кои ги сподели Здружението за слепи лица во Штип, јавува МИА, а кое денеска најави дека преку проект финансиран од Владата – „Приспособување на слепите лица од источниот регион на тешките услови, кој ги наметна кризата со Ковид-19“, ќе ги надминува психолошките и економските предизвици.

Претседателот на Здружението Драги Витанов истакна дека од денеска ќе почнат со организирање трибини на кои членовите ќе може да слушнат експерти од неколку области.

Слепите лица, рече тој, се едни од најпогодени кога станува збор за нарушувањето на животот на граѓаните поради коронавирусот. Тој рече дека здружение ќе побараат обуки за професионални асистенти за слепите лица, по примерите на Скопје, Куманово и Битола.

„Слепите лица со самото тоа што се дома се осамени и дефинитивно имаат проблеми, физички толку можеби не, но психички многу повеќе. Во секојдневието чекаат некој да ги фати за рака и да ги изнесе надвор, а сега е тоа уште повеќе е изразено. Затоа што нема луѓе коишто би можеле да им помогнат, бидејќи сите се плашат од коронавирусот“,изјави Витанов.

Крсте Велјановски, кој има докторирано психологија, вели дека последните анализи на светско ниво покажуваат оти по пандемијата 20 отсто од населението во светот ќе се соочи со депресија, а тоа особено ќе биде изразено кај лицата со каков било хендикеп. Во земјава засега немаат такви анализи, но вели дека решението го гледа во комуникацијата меѓу луѓето, а во екстремни случаи и со помош од стручни лица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...