15 C
Ohrid
недела, септември 20, 2020
Почетна Македонија Верувале или не, сите сообраќајки во Македонија каде што има смртен исход,...

Верувале или не, сите сообраќајки во Македонија каде што има смртен исход, виновниците поминале со условна казна !!

Translate (Eng):[gtranslate]

„360 степени“ разгледуваше 14 пресуди за сообраќајни незгоди кои завршиле со смртен исход. Во сите пресуди кои ги разгледувавме обвинението е за истото кривично дело како и во случајот со „Млечен“, а обвинетиот/обвинетата признале вина.

Само во 5 случаи е изречена затворска казна и тоа највисоката е една година зад решетки
Гнев, неверување и разочараност се емоциите кои ги исполнија срцата не само на семејството Димитриевски, туку и на целата јавност откако се дозна дека виновникот за сообраќајката кај „Млечен“ доби само условна казна и покрај тоа што во несреќата загина 32-годишно момче, а неговата бремена сопруга го загуби плодот и доби тешки повреди.

Преживеаната Наташа Димитриевска веќе најави битка и со судијката и со обвинителката во случајот, во потрага по правда за случајот кој и ги одзеде сопругот и нероденото дете.

РЕКЛАМА

Ги загуби сопругот и плодот кај „Млечен“, а сега ќе се бори и со судијката и обвинителката

Гоце и Наташа Димитриевски
Во обид да погледнеме подалеку од емоциите, „360 степени“ нурна во архивата на пресуди на Кривичниот суд – Скопје кои се однесуваат на сообраќајни незгоди во кои има човечки жртви, а во кои виновникот, како во случајот на „Млечен“, признал вина.

Најсторогата казна што ја најдовме е една година затвор.

Секој случај е посебен

Првиот заклучок до кој не доведе разгледувањето на пресудите е дека нема два идентични случаи, односно дека секој е случај сам за себе. Низ вообичаено сувиот правнички речник се испреплетуваат различни судбини, како на оштетените така и на виновниците.

Сепак, оставајќи ги на страна другите елементи, пресудите кои ги разгледувавме ги поделивме на две групи, според една клучна околност – дали за сообраќајката со смртоносни последици бил виновен само обвинетиот или удел во несреќата имал и починатиот.

Од седумте случаи во кои барем мала вина имал и загинатиот, на пример, пешак кој се движел по коловоз, обвинетиот возач бил казнет со затворска казна само во еден случај. Сите други се условни осуди.

Од седумте случаи во кои нема никаква вина на загинатиот, тројца обвинети добиле условни осуди. Останатите четворица добиле затворски казни, при што највисоката е од една година.

Усмртил пешак на пешачки и добил условна казна
Атанас Трајковски од Скопје, пензионер, вдовец и татко на три деца, на 5 мај 2015 година ја управувал својата „Шкода“ на улица „Бутелска“. Возел со 41 км/ч, што е значително поспоро од тогаш дозволените 60 км/ч на тоа место. Но, кога се приближил на еден од пешачките премини, не го видел пешакот М.К. Жртвата починала три часа по приемот во болница, а предметната судијка Добрила Кацарска пресудила условна казна затвор од две години, односно истата казна како во случајот „Млечен“.

Образложението на судијката за условната осуда содржи пошироко објаснување. Високо го ценела фактот што возачот признал вина, но навела и дека возачот возел трезен, дека возилото било исправно, дека не возел брзо, а и дека имал здравствени проблеми.

Сепак, дала условната осуда иако судот констатирал дека „возачот… имал направено пропусти кои резултирале со сообраќајната незгода, а пешакот немал направено пропусти во предметната сообраќајна незгода“.

дел од пресудата по предмет к-712/17

За повеќе може да прочитате на следниот линк: https://360stepeni.mk/istrazhuvane-mlechen-otvara-pandorina-kutija-sudskata-arhiva-polna-so-uslovni-za-smrtonosni-soobrakajki/

- Реклами -