26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаЕве во каква држава живееме: „Ти ма, ретардирана си а?!“... Татко...

Еве во каква држава живееме: „Ти ма, ретардирана си а?!“… Татко на девојче со аутизам со потресен текст за случка во парк ќе ве замисли

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бојан Шашевски со моќен текст потенцира дека во нашата држава е ниска свеста за прифаќање на лицата со попреченост.

<

Парк
Денес имав една случка.

Со ќерка ми бевме на лулашки во парк. Семејства со деца насекаде. Се качи на мини вртелешката. Се вртеше заедно со две деца на околу 6-7 години. Ја гледав седнат од дистанца. Почнаа да ѝ зборуваат нешто. Дарија (сè уште) не може да им врати, има аутизам. Ја гледаа како се радува на вртелешката, како изразува радост со рацете во вис. Дарија продолжи да се смее и вика гласно. Така артикулира задоволство. Убаво ѝ беше, во друштво.

Децата повторно пробуваат да зборуваат со неа, но сега полни со себе:

„Зошто не зборуваш ма!? Абе, оваа е ретардирана. Хаа, редардирана е! Ти ма, ретардирана си а?!“.

Едното почна да ја боцка со рака по рамото. Другото ѝ ја фати главата, а со другата рака петте прсти во вис, нагоре како да врти сијалица. Се издра пред сите, покажувајќи кон Дарија: „Оваа е ретардирана!“.

Смеа и викање од околните деца. Молк од родителите. Како сцена од филм, некој од 90-ти, полн со локални стереотипи.

Дарија ме бараше со поглед, беспомошно. Осети раце врз себе како ја буткаат, како продолжуваат да ја задеваат и да ѝ се дерат „Кажи ма нешто!“.

Бев на 20-ина метри, почнав да се приближувам.

Дарија веќе беше напната. „АаааарррххххХХ“. Се исправи, ги затна ушите со раце. Така прави кога се вознемирува. Вртелешката се движеше, ја занесе, ама стигнав да ја фатам за рака. Се исправи. Ме стисна за рака, почна да ми ја мава раката од лутина. Потоа ме фати силно за тело. Силно ме гушна и ја пикна главата меѓу вратот. Се тресеше и ги крцкаше забите од нервоза.

„Зошто не сака да збори?! Уште ли не зборува?!“

„Да. Ќе прозбори. Ама, сака да се дружи. Не треба да ја закачате“.

Некоја мајка се приближи. „ХхХхХ, извини се на девојчето. Ме слушаш ли, извини се на девојчето!“.

„Нема потреба таа да се извинува“.

Се оддалечивме со Дарија, се качивме на клацкалка. Брзо се смири. Јас бев сега вознемирен. Болеше. Многу болеше! Одвнатре грозно и мачно. Плачев, а Дарија ме бришеше по лицето. Ме гушкаше.

Ми текна каде Дарија живее. Каде расте. Ми текна и на сите пријатели и познаници што споменуваат „Абе овој е ретардиран“ кога оговараат некој човек. Децата, за разлика од нив, се искрени. Не прават лице. Само учат.

До сите пријатели. Следен пат кога во друштво ќе ве чујам „овој е ретардиран“, очекувајте од мене – школски шамар! Или мини заушка! Да осетите болка. Онака, другарски. Чисто да ви текне за следен пат.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...