20.3 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПочина нашата Нина Спирова, позади себе ги остави хитовите: „Еден бакнеж“, „Молчи,...

Почина нашата Нина Спирова, позади себе ги остави хитовите: „Еден бакнеж“, „Молчи, молчи“, „Езеро мое“

Денеска на 82 годишна возраст почина доајенот на македонската забавна и народна музика Нина Спирова. Родена е на 26 октомрви 1938 година во Прилеп. Со нејзиниот милозвучен и моќен глас остави трајни вредности, музички записи на неколку забавни мелодии кои станаа евергрини, како и на бројни бисери на староградската македонска музика.

Нина во својата кариера има снимено голем број познати музички хитови, од страна на светски аранжери како и голем број на обработки на македонски народни песни. Ќе останат како трајни вредности нејзините интерпретации на „Бог да бие кој прв почна“, „Пилето ми пее“, „Не си го продавај Кољо Чифликот“, „Судбо моја, судбино“, „Зајди,зајди, јасно сонце“, „Кажи, кажи либе Стано“, нејзиниот незабравен евергрин „Еден бакнеж“ и многу други.

Скромна, ненаметлива, повлечена, насмеана, со многу малку, речиси ништо познато од нејзиниот приватен живот, со однесување несвојствено за пејачка која претставува ѕвезда од конкретниот калибар.

Спирова засекогаш се повлече од естрадната сцена во почетокот на 80-тите години.

Од нејзината кариера се издвојуваат многбројните нстапи на фестивали и освоените награди. Во 1969. година ја освјува првата награда и наградата од стручното жири на фестивалот „Скопје 69“ за интерпретацијата на композицијата „Езеро мое“ од Љубомир Бранѓолица“. Истиот успех го постигнува и со „На овој ден“ од истиот автор во 1973., а еддна година подоцна го освојува првото место со „Претчувство“ од Б. Илиќ.

Настапувала во десетина европски земји, како и во САД и Австралија, а во 1966. година како претставник на тогашната ЈРТ гостувала во Атина на фестивалот „Музика на Елисејските полиња“.

Нина Спирова соработувала со најпознати македонски автори и аранжери, меѓу кои Драган Ѓаконовски- Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и др. Има снимено над 80 композиции од кои поголем број се хитови: „Езеро мое“, „Еден бакнеж“, „Далечен крај“, „Пелистерски очи“, „На овој ден“, „Молчи, молчи“ и др.

Забележителен настап имала на фестивалот „Белгардска пролет“ во 1963. и во 1964. година, со песните „Експрес во 03“ и „Бела хризантема“. Во 1965. година на фестивалот „Опатија 65“ по вторпат ја освојува наградата на публиката со песната „Далеку од љубов“.

Во 1962. година Нина Спирова ја освои првата награда од публиката на култниот фестивал на забавни мелодии „Опатија 62“, со сега веќе легендарната композиција „Еден бакнеж“ на Петар Пешев. Македонскиот режисер Милчо Манчевски го „реактуелизира“ поставувајќи го како главна музичка тема во својот филм „Сенки“.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката: Прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано…

Актерката Весна Бејби Петрушевска преку вклучување во живо на својот „Инстаграм“ профил истакна дека дијагностициран и е рак. Како што вели, кога тоа ќе се...

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...