25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Лозово: Нема повеќе соседот да ја напаѓа Атиџе, ми вети...

Градоначалникот на Лозово: Нема повеќе соседот да ја напаѓа Атиџе, ми вети дека сега кафе ќе пие со нејзе !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако денеска во јавноста излезе информација дека ѕвездата на филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова се чувствува небезбедно и има проблеми со нејзиниот сосед, градоначалникот на Лозово, Ацо Велковски објави дека тој денеска разговарал со соседот.

<

-По добиените информации од страна на медиумите за помошта која ја побара Атиџе нашата хероина од Медена земја , а која живее во с.Бекирлија општина Лозово која пријави проблем за нарушени меѓучовечки односи со комшијата Хусеин и дека животот и бил загрозен , веднаш ја побарав на телефон но не беше достапна.
Добив информација дека е во село Бекирлија.
За да помогнам како Градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи , кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија.
Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии.
Во моментов на нашата хероина Атиџе не и загрозен животот од страна на Хусеин , ќе се стабилизира ситуацијата и ќе се надмине проблемот со нарушените човечки односи.
Исто така добив информација дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата со кој обавиле разговор и се упатиле спрема село Бекирлија кај што моментално престојува Атиџе, објави Велковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...