30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе се реконструира и патниот правец Струга-Ќафасан

Ќе се реконструира и патниот правец Струга-Ќафасан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Новиот министер за транспорт и врски Благоја Бочварски, денеска најави доизградба на автопатот Охрид-Кичево, како и изградба и реконструкција на неколку патни правци.

<

Продолжуваме интензивно на автопатот Охрид-Кичево, кој е приоритет на владата и забрзано ќе биде реализиран, рече Бочварски.

Тој најави и целосна реконструкција на патниот правец Струга-Ќафасан, како и постапка за проширување на автопатот Тетово-Гостивар. Истовремено се врши проектирање на изградба на нов автопат Кичево-Гостивар, со што ќе се создаде модерна врска во западниот регион.

Во однос на дивоградбите, министерот Бочварски истакна дека не е дозволена узурпација на простоерот за лични интереси и најави дека таквата пракса повеќе нема да се толерира.

-Јавниот простор ќе може да се користи само на начин пропишан со закон. Новиот закон за легализација на дивоградбите предвидува поголеми пенали, плаќање за 50% повисока цена за комуналии за дивоградба, што треба да ги одврати граѓаните да градат дивоградби. Ќе анимираме и мотивираме инспектори за борба со дивоградбите, а ќе направиме и сериозни законски измени со сериозни казни, рече министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...