1.9 C
Ohrid
среда, јануари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаРешението за спас на Преспанско езеро се наоѓа во Албанија: Единствениот Македонец,...

Решението за спас на Преспанско езеро се наоѓа во Албанија: Единствениот Македонец, во албанскиот Парламент го отвори прашањето за Преспанско езеро…

spot_img

Продолжуваат реакциите по вчерашниот настап на Васил Стерјовски, единствениот пратеник од македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, на пленарната седница на албанскиот Парламент.

Тој од министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси, побара, меѓу другото одговор за тоа што презема Албанија за еколошката катастрофа што му се заканува на Преспанско Езеро, како и за тоа каде се трошат огромните суми пари наменети за националниот парк „Преспа“, кој зафаќа 90 отсто од територијата на општина Пустец, која и понатаму останува најнеразвиена.

Весникот „Реформа“ во денешното издание, пренесува напис во кој оценува дека Стерјовски го дискредитирал министерот Клоси во Парламентот за Преспа, зашто на обвинувањата не кажал ништо конкретно.

-Министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси беше дискредитиран за време на парламентарна расправа во Собранието, во врска со нереализираните проекти и неисполнетите ветувања за туристичката област на Преспа, вака весникот го започнува написот, по што пренесува делови од обраќањето на Стерјовски и одговорите на Клоси.

Се додава дека „пратеникот од малцинството, кој единствено поставил прашања за кои многу други молчат, директно му кажал на Клоси дека за проекти за кои тој зборува произлегува дека ниту еден од нив не е реализиран до сега“.

-Министерот Клоси зборуваше околу инвестициите во општина Пустец, посебно Преспанското Езеро, кои, според него се во тек на реализација, но за жал не даде ниту детали ниту конкетни цифри. Во врска со обвинувањата на Стерјовски, тој единствено се правдаше дека оваа дестинација ја посетуваат над 100.000 туристи годишно, лани 110.000 и оти расположивите сместувачки капацитети не се доволни. Поради големиот интерес на туристите во летната сезона, според министерот, таму не може да се најде слободна маса, наведува весникот.

Додава дека Клоси „се обидел да се оправда и со фактот дека има симпатии кон областа и дека е партизан на туризмот во Преспа, но што направил за оваа област досега конкретно не кажа ни збор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жената која беше пронајдена во реката Вардар е Лидија од Јурумлери

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково. Официјално станува збор за исчезнатата Лидија од скопското село Јурумлери. Лидија (43)...

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села е “ЗОМБИ”

Од ДУИ повторно ги помешаа лончињата: Маската за која тврдат дека е Зијадин Села и бил исмеван на карневалот во Вевчани е групна "ЗОМБИ"...

Традицијата продолжува: Василичарски појадок во Општина Охрид

Ја продолживме убавата традиција Василичарски појадок во Општина Охрид. Вера Раоник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја...

Куратица подготвена по 26-ти пат за Василица.

КУРАТИЦА ПОДГОТВЕНО ПО 26 ти ПАТ ЗА ВАСИЛИЦА Животот пулсира во знакот на василичарскиот карневал кој има традиција колку и самото село (преку500...