26.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нема криза за нас, ние и за време на корона ги...

Заев: Нема криза за нас, ние и за време на корона ги покачуваме платите редовно, а замислете да немаше криза што ќе направевме?!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зголемување од 8,5 отсто на просечната плата е забележано во јули оваа година во споредба со истиот месец минатата година, напиша денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, напоменуваќи дека просечната плата продолжува да расте и во услови на здравствено-економска криза.

<

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во јули изнесувала 27.231 денар, и е зголемена за 2.127 денари. Ова се должи на зголемувањето на платите во образованието и здравството во изминатава година, како и на ефикасните антикризни мерки во време на пандемија, наведе Заев во статусот.
Нагласи дека Владата создава рамка која ќе овозможи платите и пензиите да продолжат да растат, а граѓаните да имаат поголема куповна моќ.

Да обезбедиме подобар животен стандард и да ја намалуваме невработеноста. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал, со тоа придонесеме во вкупниот раст на економијата. Економија, која е подготвена да одговори на новите предизвици и да понуди шанса за секој, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишник е еден од осомничените за убиството во Тетово, изведен е пред судија на претходна постапка !!!

Еден од осомничените за убиството што се случи во неделата во Тетово денеска бил изведен пред суд, јавува репортерот на 4news.mk, објави 4NEWS.mk Според нашите...

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...