14 C
Ohrid
сабота, октомври 31, 2020
Почетна Македонија (ВИДЕО) Полицијата откри мини лабораторија за масло од канабис во скопско Визбегово.

(ВИДЕО) Полицијата откри мини лабораторија за масло од канабис во скопско Визбегово.

Translate (Eng):[gtranslate]

Во Визбегово e пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, a уапсени се три лица, информира полицијата.

Единицата за недозволена трговија со дрога денеска околу 15 часот, извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена е мини лабораторија за производство на масло од канабис.
Претресите се направени во домот и други простории на 38-годишниот И. П., а во дворното место имало стебла од марихуана во осум саксии и други 12 стебла.

Некои од нив биле во помошните простории во фаза на сушење.

РЕКЛАМА

Затекнати се и две други лица, од кои едното П. В. (38), кој бил затекнат при обработка на марихуаната, како и Г. Ј. (39).

Извршени се претреси и во домот на Г.Ј., каде е пронајдена марихуана подготвена за продажба, како и шприцеви полни со масло од канабис.

- Реклами -