9 C
Ohrid
петок, октомври 30, 2020
Почетна Македонија Донаторска акција на Шило Магазин и СОС Балканмедиа Охрид  за пристоен дом...

Донаторска акција на Шило Магазин и СОС Балканмедиа Охрид  за пристоен дом на млад жител на Општина Дебарца и големото срце на Лазе Танески.

Translate (Eng):[gtranslate]

Да обновиме дом и да создадеме минимални елементарни услови за пристоен живот е новата донаторска акција на СОС Балканмедиа од Охрид.Денес донираме на жител на село Требеништа кое се наоѓа во склоп на Општина Дебарца.Младо 24 годишно лице кое живее во руинирана куќа , каде нема основни услови за минимално пристоен живот.Неговата желба е да изврши реконструкција на куќата,посебно на дел од куќата каде зидовите попуштиле под забот на времето.До СОС Балканмедиа се јави нашиот колега од порталот Shilomagazine.com.au, ни изнесе една благородна идеја ,да помогнеме колку што се може на младиот жител на Требениште.Тој нема големи барања, бара само мала количина градежен материјал,како би можел да реновира дел од руниријаниот дел од домот.Така се започна токму пред три дена .

Кога разговаравме со нашиот колега Диме од Shilomagazine.com.au во просториите на редакцијата на Охридскај, со божја премисла се појави и охридскиот бизнисмен и пратеник во Собрание на РСМ Лазе Танески,кој е долгогодишен партнер на СОС Балканмедиа Охрид.Немаше двоумење,веднаш надвладеа хуманизмот кај Танески,кој вети и оствари ,дека на младиот жител на Требениште лично тој ќе му донира потребните градежни материјали,за кој има потреба во оваа фаза,а тоа се цигли и цимент.

Денес возило на фирмата ИнтерЕвропа изврши дотур на првата потребна количина на градежни блокови и цимент,а Танески и понатака лично како човек останува доследен во помагање на ранливата категорија на граѓани во Општина Охрид и Општина Дебарца.

РЕКЛАМА

И,Градоначалникот на Општина Дебарца Зоран Ногачески активно се вклучува во сите хуманитарни акции кои ги спроведува СОС Балканмедиа Охрид.Ногачески стои посветено во заложбите на Општина Дебарца за помош на своите жители.Општина Дебарца во изминатите три години актоивно помага на населението на Општина Дебарца , посебно во делот на старите и немоќни жители кој живеаат во Општина Дебарца, со секојдневен дотур на храна и лекови,обезбедување на топол дом во текот на зимскиот период.Ногачески изрази спремност за помош и на лицето од село Требениште,но и изрази посебна благодарност до СОС Балканмедиа за донаторската акција.

Во прилог фотографии од домот на младиот жител на Требениште и во какви услови живее

Започнување на донаторската акција , донатор Лазе Танески

СОС Балканмедиа Охрид

- Реклами -