12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаМедицинска сестра од охридската Општа болница ја загуби битката со COVID-19

Медицинска сестра од охридската Општа болница ја загуби битката со COVID-19

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес Општа Болница Охрид тагува. Нашата медицинска сестра Дијана Димоска, родена на 29.09.1971 година во Загреб, ја загуби битката со подмолниот вирус COVID-19, објавија на нивната официјална страна на Facebook од ЈЗУ Општа болница Охрид.

<

-Својот професионален ангажман го започна во 1993 година на одделот ОРЛ, потоа во невропсихијатриски оддел, а последните години беше дел од тимот во одделението за интерни болести. Нејзината прерана смрт е голема загуба за нејзиното семејство и за сите нас. Загубивме професионалец, медицинска сестра со ведар дух и топлина. Омилена кај пациентите и кај вработените. Почивај во мир драга сестра Дијана. Твојот ведар лик вечно ќе остане во нашите сеќавања. Со длабока почит, порачуваат вработените од ЈЗУ Општа Болница Охрид.

Според последните, официјални податоци на Центарот за јавно здравје од Охрид, во периодот од 19-ти до 25-ти септември во Охрид COVID-19 e дијагностициран кај 16 лица, активни се 52 случаи, оздравеа 17 и починаа 2 лица. (Крај)

извор: ФБ ЈЗУ Општа Болница Охрид фото: ФБ ЈЗУ Општа Болница Охрид

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...