12.6 C
Ohrid
недела, јуни 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА

СПОТОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДУШЕВНА БОЛКА КАЈ РУСКОВСКА

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Почна судскиот процес во кој обвинителката Вилма Русковска ја тужи партијата ВМРО-ДПМНЕ,  затоа што во спотовите за изборната кампања која заврши го злоупотребиле нејзиното име.Во граѓанскиот суд денеска се одржа подготвително рочиште.Русковска ги тужи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Игор Јанушев како овластен претставник на Коалицијата и Христијан Мицкоски како лидер на партијата.Таа поведе постапка поради двата спота во кои е прикажан нејзиниот лик како некој кој работи по диктат на СДСМ.

<

Тие предизвикале душевна болка и анксизност кај обвинителката.

На денешното рочиште беа презентирани дел од доказите на Русковска.

Адвокатот на тужените Панче Тошковски, кажа дека спотовите биле саркастичен и автентичен начин за критика, а не лага или клевета.

„Особено на критичката мисла која што е насочена кон работењето на државните органи и на власта во Република Македонија. Се поставува прашање што е побитно? Дали јавниот интерес, дали потребата граѓаните да бидат информирани, потребата на граѓаните на Република Македонија да можат да постават одредени прашања во саркастични и провокативна форма?И воедно заштитата на членот 10, или заштитата на приватната репутација на еден јавен функционер која што патем е платена од пари на граѓаните на Република Македонија, извршувајќи ја функцијата како што ја извршува обвинителката за организиран криминал“, рече Тошковски.

Русковска  бара отштета од 10.000 евра, пари кои доколку ги добие ќе ги донира во хуманитарни цели. Претходно, објасни дека ќе ги донира за СОС Детското село.

Судењето продолжува на 5-ти октомври. Тогаш во судницата ќе се прикажат и двата предизборни спотови „Криминална вистина” и „Штанд на лагите”.

faktor.mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина младиот Дарко Јованов, имаше само 29 години

Пријателите и роднините се простуваат од младиот Дарко Јованов, чиј живот за жал згасна прерано. Дарко Јованов беше 29 годишно момче oд радовишкото село Воиславци,...

Добри вести за земјоделците: Албрим Хоџа ќе биде заменик-министер за земјоделство.

Албрим Хоџа, член на претседателството на Алијансата за Албанците (АА), која и понатаму останува дел од коалицијата ВЛЕН, се очекува да биде новиот заменик-министер...

Кран се сруши денеска околу 14 часот во Битола

Градежен кран паднал над објект во стaрата касарна во Битола, информираат за АПЛА граѓани кои биле очевидци. Кранот според фотографиите што ни ги испратија...

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун

Лишен од слобода прилепчанец поради криумчарење на тутун и текстил На 30.05.2025 полициски службеници од ОВР Демир Хисар, по претходно добиени оперативни сознанија, на...