11.1 C
Ohrid
сабота, март 22, 2025
ПочетнаСветТрамп: Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти се гушкаа пред мои...

Трамп: Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти се гушкаа пред мои очи !!!

spot_img

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека лидерите на Србија и Косово се прегрнувале во Белата куќа и дека било прекрасно да се видат во таа ситуација, кога постигнале договор за нормализирање на економските односи.

<

На предизборниот митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу Израел и арапските земји, потенцирајќи пред гласачите дека тој носи мир на конфликтните страни и ги критикуваше водечките американски медиуми дека не известуваат за тоа.

– Косово и Србија се убиваа многу години, тие само се убиваа, не се сакаат, како Израелците и Палестинците. Ние тргуваме со двете страни, така што имаме одредена моќ. Им реков, ајде да склучиме договор и да создадеме економски мир и мир воопшто. Дојдоа во мојата канцеларија да потпишат. Тие се прегрнаа, беше прекрасно да ги видам. Спасивме многу животи – рече синоќа Трамп.

Минатата недела, на предизборен митинг во Северна Каролина, Трамп, исто така, рече дека ја заслужува Нобеловата награда за мир затоа што успеа да запре „масовни убиства меѓу Србија и Косово“.

– Сигурен сум дека следното е Нобелова награда за мир. Ние ги запираме масовните убиства меѓу Косово и Србија. Тие се убиваа толку многу години. Тие ќе престанат да се убиваат. Знаете, тоа го правеа стотици години, иако под различни имиња – рече Трамп пред десетина дена.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти на 4 септември, во Белата куќа, се обврзаа дека ќе ги нормализираат економските односи.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Отец Димитар во поткастот на Лазаров откри како ги смири немирите во Кочани.

Отецот Димитар во разговор во поткастот на Лазаров откри што се случувало тој ден во Кочани, а исто така посочи дека се надева дека...

Почина внуката на Јосип Броз Тито: Остана запаметена по нејзините ставови за Македонија

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито Во Белград, на 70-годишна возраст, почина Светлана Броз, внука на поранешниот југословенски лидер Јосип Броз Тито. Светлана...

Заедно со граѓаните градоначалникот Пецаков на Света Заупокоена Литургија за прерано згаснатите животи на 60 млади души во Кочани.

Денес во храмот Успение на Пресвета Богородица - Каменско, со нашите сограѓани присуствуваше и градоначаникот на Охрид г-динот Пецаков на Света Заупокоена Литургија, која...

Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцески, починатиот возач на кочанската Брза помош

Премиерот Христијан Мицкоски го посети семејството на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош во Кочани кој почина по помошта што ја пружи на повредените...