5.4 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаЃоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како...

Ѓоргиев: За нас останува неприфатливо барањето Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Барањето на Бугарија Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин, за македонската страна останува неприфатливо, вели Драги Ѓоргиев копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања  со Бугарија.

<

Тој во интервју за ТВ Телма во пресрет на новата средба на Мешовитата комисија за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија што ќе се одржи во Скопје на 15 и 16 октовмри по пауза од речиси една година, го коментира барањето на бугарскиот тим кој во Скопје доаѓа со непроменет став, за Гоце Делчев да се идентификува како Бугарин

– Во решавањето на вакви конфликтни ситуации ако го земеме европското искуство, секогаш за нерешени прашања се води дијалог. За многу конфликтни ситуации дијалогот е единствено решение. Ние ќе продолжиме со дијалог за Гоце Делчев. Меѓутоа во тој дијалог секогаш треба да се бара решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни. Прифатливо решение значи во кое ќе нема победник, односно, двете страни ќе бидат задоволни од решението. Прифаќањето на еднострано решение за Гоце Делчев, дали тој да биде Бугарин или Македонец не е решение во овој спор, вели Ѓоргиев.

За тоа каде гледа решение за ова, тој се повика на европското искуство и примена на алатката на мултиперспективност, односно кога се земаат во предвид двете перцепции за одреден настан или за одредена личност

– Тие две перцепции се рамноправни кога се претставуваат пред јавноста, видувањето на настанот или личноста на едната страна и видувањето на настанот или личноста на другата страна – како гледаат двете страни на тој настан. И таа еднаква перцепција кон одредено недоразбирање, за одредена личност или настан, мислам дека во овој момент е решение да се надмине спорот со Гоце Делчев, вели шефот на македонскиот тим од Мешовата комисија за историски прашања.

Запрашан дали ова досега им го предложиле на бугарските колеги и за нивната реакцијата тој потврди дека на охридската средба во октомври, од наша стара бил даден таков предлог, меѓутоа тогаш бугарската страна го одбила тој предлог.

Прашан во однос на Меморандумот кој Бугарија го испрати до Европската комисија околу преговарачката рамка во кој го негира постоењето на македонската нација и македонскиот јазик пред 1944 година, каде што наведува дека тоа е етнички инженеринг и обвинува за ревидирање на заедничката историја, Ѓоргиев е дециден дека нациите не се создаваат со декрет.

– Нациите не се создаваат со декрет, ниту нациите може да ги создаде едно лице, едно тело со одлука. Создавањето на нациите е долготраен и многу сложен и комплексен процес. И од тука тврдењето дека македонската нација е создадена со декрет во 1944 година нема асполутно никаква научна основа, вели Ѓорѓиев.

Процесот на создавањето на оваа современа македонска нација, појаснува тој, започнува во втората половина на 19 век и ги поминува сите фази кои ги поминуваат и други балкански нации, овде во нашето соседство.

– Нашиот пат апсолутно, не е поразличен од патот на другите нации. И затоа да се тврди дека ние сме нација создадена преку ноќ, од ништо, според мене не е научно. А во однос на ревизијата на историјата, вие можете да ревидирате одредени настани, историјата да ја ревидирате, само доколку имате нови релевантни документи. Само на тој начин може да се прави реизија на историјата. Кога со аргументи, со документи, таа ревизија ќе стане вистина потребна. Меѓутоа ревизија со политички притисоци со какви било ненаучни аргументи не може да се прави и асполутно тоа не е целта на оваа Комисија, да прави ревизија на историјата, заклучува копретседател на македонскиот тим во Мешовитата комисијата за историски прашања со Бугарија, Драги Ѓоргиев./МИА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....