4.9 C
Ohrid
вторник, ноември 12, 2024
ПочетнаМакедонијаВело Маркоски: Откaко кажав што мислам за Корона вирусот ми се закануваат...

Вело Маркоски: Откaко кажав што мислам за Корона вирусот ми се закануваат и ме следат непознати личности !!!

На кого му пречи науката, праша вечерва доктор Вело Марковски, кој од скоро е член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи ги обидите за негова дискриминација.

Последниве десeтина дена бев мета на бројни напади од сите можни оружја. Слични напади односно пласирање на тези за омаловажување и дискредитација кратко беа пуштени во месец мај, во еден период кога дадов некоја анализа или мислење кое на некои структури не им се допаднаа. Ова само ми дава за право да мислам дека влегувањето во ИК на ВМРО-ДПМНЕ е само повод, а не причина за пукање од сите оружја кон мене. При тоа ниеднаш не се оспоруваат моите ставови околу Ковид-19, туку се напаѓа мојот изглед, карактер, личен живот, национална и партиска определба, пишува др. Марковски на „Фејсбук“.

Тој потсети дека владејачката партија одржа неколку прес-конференции, првата само неколку часа по изборот во ИК.

Се вклучија ботови, спинови т.н независни новинари (очигледно многу зависни од пари) аналитичари, лекарска комора… Нападите се лични иако јас за цело време изнесувам научни и стручни ставови се со цел да помогнам да поминеме со полесни последици од најголемата војна во историјата на човекот. При тоа личните навреди се очекувани, свесен сум и за последиците од бранење на научни ставови во време на глобално лудило (професорот Дидиер Раулт имаше смртни закани во демократска земја како Франција). Ме изненади омразата со која сум напаѓан од луѓе на кои можеби баш моите ставови и искуство им помогнало многу, пишува тој.

Но, според Марковски, два моменти сепак отидоа предалеку.

Едниот е прес-конференција (или јавно изнесен став) на портпарол на СДС (владејачка партија) во која изнесува многу наводи од една истрага која се води против мене. Изненаден сум како дошле тие податоци до него (или државата тоа сум јас…). За да не влијаам на истрагата јас поминав 4 месеци во притвор, сега таа истрага стана предмет на притисок и јавно споделување. Се надевам дека одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство во најскоро време ќе одговори: како предметот стигнал до портпаролот; дозволиво ли е да се влијае на истрагата, ќе влијае ли јавниот притисок и притисокот од власта во понатамошниот тек на истрагата и врз евентуалното подигнување на обвинение и судски процес; ќе покрене ли обвинение против сите кои јавно изнесуваа податоци од предмет во истрага.

Вториот момент е: некои чудни совпаѓања и случувања врзани за мојата лична безбедност и безбедноста на моите најблиски. Не верувам дека во ек на најголемите медиумски напади и дискредитации во ист ден имам 4 пати пристигнување на две коли со странски регистрации на автопатот од Штип до Скопје. Престигнување, видливо тргање на крајна трета лента, па повторно престигнување за неколку километри и истата процедура 4 пати. Случајно истиот ден (пред два дена) насилно со отворање на прозор од тераса со штрафцигер (професионално) рано навечер да се влезе во мојот дом во кој во моментот беа моето малолетно дете и мојата сопруга. Можеби е совпаѓање, но сум научил дека ретко има вакви случајности во животот. Останува полицијата да расчисти дали се работи за случајни настани и средби, обид за кражба или штази методи, пишува Марковски.

Тој потенцира дека без разлика на резултатите едно е јасно, некој сака да го исплаши или има сериозни намери со краен резултат: замолкнување на науката.

Сакам да кажам дека без разлика дали се работи за случајни настани, обид за разбојништво, кражба, игра на наркомани, некој треба да се погрижи да ги заштити лекарите кои се јавно експонирани за време на оваа пандемија. Мојата безбедност е директно во рацете на министерот за внатрешни работи господинот Оливер Спасовски кој се покажа како човек кој во целост ја држи контролата и работата во МВР. Во услови на светска пандемија, со огромни економски последици, со 15 милијарди долари на ден потрошени пари во здравството во светот од кои најголемиот процент оди во некои фармацевтски компании, мислев дека министерот и/или безбедносните структури во државата по автоматизам ќе се потрудат да го заштитат својот лекар и професор кој има над 73 милиони прегледи на електронските медиуми, пишува тој.

Поради загриженост за безбедноста моја, додава Марковски, но пред сè на моите најблиски ќе побарам прием кај министерот Оливер Спасовски за да ме убеди дека изнесувањето во јавност на моите сознанија за КОВИД-19 пандемијата нема да ја загрозат мојата безбедност и безбедноста на моите најблиски.

До тогаш ги откажува сите договрени интервјуа и/или емисии на тема за КОВИД-19 пандемијата.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Бошко од Кавадарци кој боледуваше од рак

Бошко Јанкулов, младиот кавадарчанец кој се бореше со малиген карцином на коски, карлица и бели дробови, за жал, ја загуби битката со болеста. Неговата...

Итно се потребни средства за операција на тумор на мозокот на малата Тијана

На 8-годишната Тијана Дунгевска и е дијагностициран тумор на главата и беше итно оперирана на Неврохирургија во болницата Мајка Тереза во Скопје. Молба во името...

Косовскиот тренер суспендиран затоа што и удри шамар на ќерка си по поразот од Србинка

Европската теквондо федерација му изрече шестмесечна суспензија на селекторот на Косово, Ваљмир Фетиу, поради инцидентот што се случи на Европското првенство во Тирана, кога...

Семејно насилство во Скопје: Жена си ги истепала сопругот па потоа му привлегла и на свекорот!

На 10.11.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријавил дека на 08.11.2024 околу 23.00 часот во семејниот дом во скопско, тој и...