13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаВработените во Веро кои имаат првачиња денес ослободени од работа, освен тоа,...

Вработените во Веро кои имаат првачиња денес ослободени од работа, освен тоа, компанијата подготви и симболични подароци за првачињата на своите вработени.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вработените во Веро кои се родители на првачиња денеска, 1 октомври, имаат слободен ден од работа за да може да бидат со своите деца на првиот ден од учебната година. Менаџментот на Веро ги ослободи сите родители на првачиња од работните обврски, без оглед дали децата ќе посетуваат настава со физичко присуство или настава од далечина (онлајн настава) и ќе им овозможи да ги придружуваат на првиот училиштен ден.

<

Освен тоа, компанијата подготви и симболични подароци за првачињата на своите вработени, со цел да ги израдува децата и да им помогне на родителите да го комплетираат потребниот прибор.

– Иако оваа учебна година е невообичаена по многу нешта, првиот училишен ден секогаш е возбудлив и многу значаен за првачињата, но и за нивните родители. Како компанија која се грижи за своите вработени, сакаме да им овозможиме овој значаен ден да го поминат со своите деца, да ги однесат на првиот час или заеднички да го проследат од дома, пружајќи им ја потребната поддршка. Спомените од првиот училишен ден се незаменливи и бесценети, а нашите вработени, на наше огромно задоволство, ќе ги создадат заедно со своите дечиња – велат од менаџментот на Веро.

Слободниот ден за родителите на првачињата е само дел од континуираната поддршка што ја добиваат вработените во оваа компанија во текот на целата година. Грижата за вработените е нераскинлив дел од корпоративната култура на компанијата која е на македонскиот пазар повеќе од 20 години.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...