12.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот на Бутел не знаел каде е Визбегово па затоа не им...

Градоначалникот на Бутел не знаел каде е Визбегово па затоа не им имал помогнато на учениците !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Не знаеме дали некогаш ќе се направи нешто добро за Визбегово. Има 1.200 куќи. Учениците за да стигнат од Момин Поток до Шутка или до „Адем Јашари“, треба да патуваат 5км. Учениците од „Адем Јашари“, повеќето од зимата не одат на училиште. Мраз, ладно, автобусот не доаѓа бидејќи е расипан. Не знам како може оваа држава да постои кога не се грижи за домаќинствата?! Кога станува збор за гласови сите трчаат“, вели жител

<

„Се потрудија да направат нешто, но видовме дека беше само политички маркетинг“, посочи жител.

Став побаравме и од градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски – зошто овие ученици немаат превоз? Тој вели дека не е запознаен со проблемот и праша дали жителите живеат на територијата на општината со која раководи тој, или пак во Шуто Оризари?

Жителите со контра-одговор до Смилевски – градоначалникот многу добро знае каде живееме!

„Ние со адреса сме во општина Бутел. Градоначалникот знае каде е излезот. Градоначалникот е запознаен со проблемот со училиштето“, додава жител.

Од училиштето „7 Март“ известија дека превоз нема обезбедено за околу 20 ученици од прво до трето одделение кои наставата мора да ја следат со физичко присуство. Уверуваат дека и официјално ќе го информираат Смилевски за овој проблем.

Училиштето во Визбегово, пак, ќе го чека ребалансот на Буџетот. Само патот кој води до училиштето е асфалтиран, а темелите на училиштето ќе бидат ставени следната година во февруари, вети пред неколку дена Смилевски, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...