25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаСветРама- Ги отвораме границите и се спојуваме со Косово - Драч ќе...

Рама- Ги отвораме границите и се спојуваме со Косово – Драч ќе биде косовско

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека Косово и Албанија имаат намера да ги отстранат границите и дека албанското пристаниште Драч наскоро ќе стане косовско.

<

Тој ова го рече на почетокот на седницата на албанската и косовската влада, што се одржува во Конгресната палата во Тирана, пренесува порталот „Репортери“.

„Нашата амбиција е да ја отстраниме границата меѓу Албанија и Косово. Верувам дека е важно за министрите за внатрешни работи на двете земји да ја засилат својата работа за да овозможат контрола во граничниот премин во реално време, што ќе ни овозможи конечно да ја отвориме границата без загуби во фронтот против нелегалните активности и против каква било форма на злоупотреба на слободата на движење“, рече Рама, пренесува „КосовоОнлајн“.

„Договорот што ќе го потпишеме наскоро за да ги олесниме царинските процедури Рама -меѓу двете земји не води кон крајната дестинација, трансформацијата на пристаништето Драч во де факто пристаниште на Косово“, рече Рама.

Како што се наведува, приштинската делегација во Албанија била пречекана со најголеми почести.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт- Се разговараше за туризмот и политичката состојба во Р.М.

Градоначалникот Пецаков оствари средба со Амбасадорот на Република Ирска, со седиште во Букурешт кој ја покрива и Република Македонија, Брендан Вард. На средбата се разговараше...

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...