15.9 C
Ohrid
петок, мај 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКинеските кредити надминаа 1,2 милијарда долари, а автопатот Кичево-Охрид е далеку од...

Кинеските кредити надминаа 1,2 милијарда долари, а автопатот Кичево-Охрид е далеку од готов

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

До минатото лето, на излез од Скопје, после патарината кај Миладиновци, возачите имаа два избора – да продолжат лево кон Куманово или да свртат десно кон Велес.

<

пишува360степени

Автопатот, кој е долг 47 километри, чинеше 309 милиони долари, од кои најголемиот дел или 274 милиони беа позајмица од Кина.

Меѓу другото, 1м3 тампон на него чини 2 201 денар, секој сантиметар долен асфалтен слој чинел 106 денари, а горниот 184 денари.

Градеше кинеската градежна фирма „Синохидро“, откако земјава се задолжи кај кинеската Ексим банка. Фирмата не беше избрана на тендер, туку преку директни приговори на тогашната влада на Груевски.

Пред да заврши автопатот за Штип, има друга клучка – таа води кон експресниот пат за Кочани. Делницата кон Кочани се гради во моментов и токму кинеската компанија „Синохидро“ е еден од изведувачите.

Но, за овој патен правец за кој имало тендер, а не директни преговори, 1м3 тампон чини 572 денари или четирипати поевтино од тој за автопатот до Штип, сантиметар долен асфалтен слој чини 54 денари, или двојно помалку од автопатот, а горниот асфалт чини 70 денари, два и пол пати поевтино од автопатот.

Овие фрапантни податоци за вистинската цена на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, изградени со кинески кредити и со кинески услови за договарање, не се нови, но се подзаборавени. Сега на виделина повторно ги извади Институтот за демократија, во неговата анализа наречена „Истуркани во ќор-сокак: Заблудата за кинескиот корозивен капитал за изградба на автопатите во Северна Македонија“.

Документот на кој работел и истражувачот Зоран Нечев заклучува дека нема ништо спорно во фактот што македонската влада одлучила да се задолжи кај кинеска банка, особено што нејзините каматни стапки биле најниски. Но, предупредува дека кинеската пракса да се даваат кредити со клаузула изведувачи да бидат „препорачани“ компании ја доведува земјата во судир со ЕУ.

„Начинот на кој се договарани овие кредити е преку директно земање кредит и врзување на тој кредит со фирми што можат да го имплементираат, односно да ги градат двата автопата за кои се земени кредитите. Значи, тука недостасува комплетна транспарентност во процесот, бидејќи договарањето на фирмите одело како преку кинеската влада со директен амин на локалната кинеската амбасада во државата, што е всушност спротивно на сите оние вредности и процедури за кои се залагаме и за што сега со почетокот на преговори со ЕУ ќе излезат како проблематични и немањето никаква транспарентност во процесот, што на крај ќе видиме и според бројките ќе доведе до многу грешки во самата изведба. Самата градба на крај резултира со огромна сума пари која државјаните на РСМ мора да ги платат за тие автопатишта да бидат комплетирани“, вели Нечев.

Извор:360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова признава дека е виновен

Обвинетиот Васил Јованов кој ја прегази и усмрти Фросина Кулакова, на денешното судско рочиште призна вина. Тој најпрвин изрази сочувство на семејството на Фросина. -Ќе...

Ова е излетаното БМВ со кое побегнал убиецот од Штип! (ВИДЕО)

Во близина на Миладиновци се уште стои оштетен автомобил марка БМВ излетан од коловозот. Според информаците, токму ова возило се користело за бегство по убиството...

Лишени од слобода, лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип

Лишени од слобода лицето кое пукаше и четворица помагачи во врска со синоќешното убиство во Штип На 08.05.2025 во 21.25 часот во СВР Штип е...

Во Штип убиство и пукање во единственото кафуле на плоштадот во градот

Штипјани се видно вознемирени поради вечерашните случувања во централното градско подрачје. Според информациите од терен едно лице е усмртено со пиштол во единственото кафуле на...