15.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаСакате да Живеете во Америка- Од утре почнува лотаријата за зелена карта...

Сакате да Живеете во Америка- Од утре почнува лотаријата за зелена карта еве како да се пријавите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од утре до 10 ноември ќе трае пријавувањето на лотаријата за зелена карта за 2022 година за Соединетите Американски Држави. Пријавувањето е преку официјалната веб страна dvprogram.state.gov, на која има целосни инструкции, кандидатите ќе можат да проверат дали се избрани преку програмата почнувајќи од 8 мај 2021 година.

<

Од Амбасадата на САД во Сeверна Македонија информираат дека учеството во лотаријата  е бесплатно и им препорачуваат на кандидатите да ги спремат и поднесат своите пријави што е можно порано.

-Кандидатите смеат да побараат помош од страна на трето лице, кое ќе ја поднесе пријавата во нивно име, но секој кандидат е одговорен за тоа дали поднесените информации во пријавата се потполни и точни.  Внесување на неточни или нецелосни податоци може да доведе до дисквалификување на кандидатот, дури и откако е извлечен како добитник.  Без разлика дали пријавата е поднесена лично или со помош на адвокат, пријател или роднина, секој кандидат може да поднесе само една пријава.  Поднесувањето на повеќе пријави ќе доведе до дисквалификување од  лотаријата, појаснуваат од Амбасадата.

Секој кандидат треба да ја испечати потврдната страница од пријавата со својот единствен број и да ја зачува до 30 септември 2022 година, за да може да провери дали е извлечен.  Овој број е единствениот начин преку кој може да се провери дали кандидатот е избран.

 

Миа

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...