30.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаMнт: Ги покануваме сите медицински лица кои лекуваат болни од Ковид-19 на...

Mнт: Ги покануваме сите медицински лица кои лекуваат болни од Ковид-19 на бесплатна претстава !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во претставата „Говорна мана“ играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска. (Фото: МНТ)

<

Македонскиот народен театар (МНТ) на 14 октомври ќе ја почне новата сезона по паузата од осум месеци поради коронакризата, и на првата претстава се поканети медицинските лица.

„Ги каниме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Детската болница во Козле, епидемиолозите и матичните лекари“, најавува МНТ.

На 14 октомври во 20 часот ќе се изведе претставата „Говорна мана“ по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а согласно протоколите за работа на културните институции, во салонот ќе може да седат од 160 до 180 лица.

„Сите институции се веќе известени и поканети и очекуваме списоци за да имаме увид колку ќе дојдат. Доколку има голем интерес, и втората претстава на 16 септември ќе биде бесплатна за нив“, ни рече директорката Симона Угриновска.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...