22.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаГраѓаните што ќе ги потрошат парите наредните денови во кафана да ги...

Граѓаните што ќе ги потрошат парите наредните денови во кафана да ги скенираат фискалните сметки за ДДВ-ТО да им биде вратено во целост.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во најавениот „Викенд без ДДВ“ кој ќе се случува на 10, 11 и 12 октомври, граѓаните ќе може да купат домашни производи и услуги до најмногу 30 илјади денари, како и комјутери и ИТ опрема.

<

Тоа значи дека за обувките, облеката, храната, лековите, мебелот што се произведени во Македонија ќе се врати целиот данок. ДДВ ќе се враќа дури и за онаа храна која е произведна во странство, но добила додадена вредност со тоа што е пакувана во земјата, како на пример смрзнатите риби, морски плодови, пршута. Во најголем дел храната има повластена стапка на ДДВ од 5%.

Повратот ќе важи и за компјутерите кои се продаваат до 30 илјади денари, но не и за таблетите кои имаат сим картичка. Доколку компјутерот чини 30 100 денари, сметката нема да ви важи за овој продолжен викенд. И ИТ опремата има данок од 5%.

Целиот данок ќе се враќа и за сметките во кафеаните и фризерските салони што ќе бидат издадени во следните три дена.

Како ќе оди целиот поврат? Според Законот граѓаните ќе ја платат целата сметка, а потоа преку апликацијата Мој ДДВ ќе ги бараат парите назад. Скратен е рокот за скенирање на овие сметки. Наместо за десет дена, тие треба да бидат скенирани преку апликацијата најдоцна за три дена од издавањето. А враќањето на данокот ќе се врши на трансакциска сметка на граѓаните до крајот на октомври, односно 15 дена од денот на издадената фискална.

Законот за поврат на ДДВ во Собранието беше изгласан со 71 глас. Против не беше никој, но имаше 9 пратеници воздржани. И денеска оваа мерка предизвика дилеми.

Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четврт сет на владините антикризни мерки. Власта очекува граѓаните во следните три дена да потрошат 170 милиони евра, а проекциите одат и до 250 милиони евра.

За ваквиот фантастичен промет, се очекува да бидат вратени 17 милиони евра. Според проектираната мерка, Владата се надева дека овој продолжен викенд на шопинг ќе отидат од 350 илјади, до половина милион граѓани.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...