30.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаШилегов повторно се подготвува да го отвори стационарот „Лајка“

Шилегов повторно се подготвува да го отвори стационарот „Лајка“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По долго време, изгледа стационарот за кучиња „Лајка“ конечно ќе биде отворен.

<

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на Фејсбук објави фотографии од посета на објекотот и напиша: „Последни подготовки за отворањето на ЈП Лајка“.

Минатата недела, прашан кога се планира отворањето на овој објект, Шилегов рече дета тоа веројатно ќе се случи во среда (07.09), доколку никој од седумте вработени не е заболен од корона вирус, а ако е тоа може да се одложи.

На прашање од „Независен“ што го испративме до Градот, не нѝ одговорија зошто во средата не беше отворен стационарот.

Но, денеска, градоначалникот, повторно најавува наскоро отворање.

Отворањето на овој потребен за Градот објект, требаше да се случи пред година ипол, но тој никако да проработи. Многу контроверзи се испреплетоа околу објектот, во кој треба да бидат вдомени улични кучиња.

Здруженијата за заштита на животните неколкупати бараат оставка од директорката Тина Петрушевска која беше назначена пред две години од страна на градоначалникот Петре Шилегов.

Здруженијата обвинуваат дека Петрушевска е целосно неподобна за функцијата која и е доверена, како и дека наводно извршила злоупотреба на должноста. Во барањето за оставка се наведува дека Петрушевска покренувала неосновани судски спорови против соработниците на активисти-волонтери за заштита на животните, вршела кражба и криминална злоупотреба на лични податоци со содејство со службени лица од други институции, ги вознемирувала, со помош на трети лица ги прогонувала и телефонски им се заканувала на вдомувачи на бездомни животни – државјани на други земји.

Активистите бараат Шилегов на местото директор на „Лајка“ да постави активист-волонтер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...