17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаТриесет дена притвор за 72-годишиот старец, кој во Трубарево со своето БМВ...

Триесет дена притвор за 72-годишиот старец, кој во Трубарево со своето БМВ прегази 10 годишно детенце !!!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Триесет дена притвор му е одреден на 72-годишникот кој вчера во скопско Трубарево предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици. Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за истражна постапка против осомничениот за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

<

Осомничениот 72-годишник, како што соопшти државното Јавно обвинителство, управувајќи патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски таблички во село Трубарево, во насока од исток кон запад, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај.

-Тој постапил спротивно на член 228 став 1 и член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, па возилото го управувал во алкохолизирана состојба со содржина на алкохол во крвта од 1,78 промили и содржина на алкохол во урина 2,43 промили. Автомобилот го управувал со брзина на движење која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, густината во сообраќајот и другите сообраќајни услови, поради што изгубил контрола над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во задното тркало од мопед „баутијан“, без регистарски таблички управуван од учесникот во сообраќајот оштетениот Идриз Ќеримовски, наведува Обвинителството.

Од ударот, оштетениот со мопедот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал. Осомничениот продолжил со автомобилот да се движи во десно, излегувајќи надвор од коловозот и со возилото се качил на тротоарот и платото пред „Маркет бренд“, каде со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на дете, родено во 2011 година, кое како пешак стоело на постојката.

Од ударот оштетеното дете добило тешки телесни повреди. Осомничениот и натаму со возилото продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице поради опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

мкд

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...