25.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаДамјан Манчевски си заминува од Сдсм, и изрази голема благодарност до премиерот:...

Дамјан Манчевски си заминува од Сдсм, и изрази голема благодарност до премиерот: Зоран Заев не е човек, тој е човечиште !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Дозволете да Ве информирам дека донесов одлука да се повлечам од политиката и да се посветам повторно на мојата професија. Причината за тоа е дека прифатив ангажман во приватниот сектор, која е неспоив со било каков политички ангажман. Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ, соопшти Манчевски на својот Фејсбук профил.

<

 

Професионално во политиката влезе во 2015 година, но вели дека неговата одлука нема врска со било која состојба во политиката и дека е само лична и негова.

-Имав извонредна понуда за следен политички ангажман, за што сум неизмерно благодарен, но сепак се решив на овој чекор. Оваа одлука во исто време е и доста емотивна за мене. Пред се заради моите другарки и другари, со кои се правевме заедно. Како што знае да каже еден од нив, станавме сестри и браќа по крв. Нашата приказна е за холивуско сценарио во неколку продоженија. Но, токму заради нив можеби и ја донесов оваа одлука. Затоа што знам дека Зоран, Радмила, Оливер, Љупчо, Мила, Муки, Коста, Никола, Фатмир, Јовче, Петре, Бајдо, Роберт, Марјан, Дуле, Бојан, Сања, Јагода, Благој и сите други ќе ми обезбедат да имам нормална работа во нормална држава, пишува Манчевски.

Во објавата посебно им се заблагодари на премиерот, Зоран Заев и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

1. Зоран Заев. Тој не е човек, тој е човечиште. Да му се заблагодарам за храброста, вербата и посветеноста. Да му се заблагодарам за жртвата. Да му се заблагодарам што бев дел од историјата која ја создадовме. За довербата што секојдневно ми ја дава, уште од кога ме покани да му бидам шеф на кабинетот во партијата во 2008 година. Но, највеќе од се за неизмерното другарство.

2. Радмила Шекеринска Јанковска. Уште кога имав 18 години, ме воведе и ми даде шанса во политиката. Цело време, а и ден денес, ми е пример за принципиелност и работливост. Пример за борец, кој не се предава и никогаш не ги става личните интереси во прв план.

Ова не е збогум. Останувам со Вас. Останувам во државата, да ја споделувам судбината и борбата за подобар живот со сите наши граѓанки и граѓани, напиша Манчевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Возач вработен во комунално, фатен како краде нафта.

Возач вработен во Јавното претпријатие за комунални дејности „Тополка“ од општина Чашка е лишен од слобода откако бил фатен на дело како краде нафта...

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...