16 C
Ohrid
четврток, октомври 29, 2020
Почетна Свет 41-годишен адвокат ги тужел родителите бидејќи престанале да го издржуваат.

41-годишен адвокат ги тужел родителите бидејќи престанале да го издржуваат.

Translate (Eng):[gtranslate]

Еден лондонски адвокат кој има 41 година неодамна ги тужел своите богати родители бидејќи одбиле да му овозможат финансиска помош.

Адвокатот од Лондон, чие име уште не ѝ е познато на јавноста, се пожалил бидејќи родителите го издржувале цели 20 години за неодамна да одлучат нагло да ја прекинат финансиската поддршка бидејќи нивниот однос се влошил.

Мажот барал од судот да ги примора неговите родители да продолжат да го поддржуваат него и неговата адвокатска компанија.

РЕКЛАМА

Интересно, адвокатот кој има 41 година тврди дека е без работа во својата компанија, но и дека живее бесплатно во станот на своите родители во централен Лондон. Тие исто така ги плаќале и неговите режиски трошоци, но по сведочењето на адвокатот тоа не било доволно.

„Родителите финансиски го поддржувале, а му дозволиле и да живее во стан во централен Лондон кој е во нивна сопственост. Покрај тоа, родителите ги плаќале и неговите режиски трошоци“, истакнал судијата Џејмс Манби.

Судијата додал дека односот на родителите со синот се влошил во последните месеци поради што таткото одлучил да престане да го финансира.

„Тој ја правдаше својата тужба со изговор дека уште не е спремен да се осамостои и се повикуваше на закон кој регулира семејни односи помеѓу родителите и децата“, заклучил Манби.

Родителите на адокатот кои моментално живеат во Дубаи, се откажале од судската парница со синот, што е токму она што адвокатот и го посакувал бидејќи во овој случај сигурно не би го добил случајот, гласи заклучокот на судијата.

Интересно е што ова не е првпат во судската пракса една возрасна личност да ги тужи своите родители со надеж дека ќе ги натера и понатаму финансиски да го поддржуваат. Уште во текот на август минатата година, врховниот суд во Италија пресудил во корист на родителите кои ги тужел синот бидејќи одбиле да му овозможат финансиска поддршка. Овој маж од Италија тогаш имал 35 години.

Слични случаи кои во пракса станаа познати како „случаи на возрасни бебиња“ се појавуваат се почесто на судовите.

Пред неколку години, судот во Велика Британија имал случај во кој родителите го тужеле 30-годишниот син кој одбивал да се исели од нивниот дом. Истовремено, истиот маж подигнал тужба против својата мајка бидејќи го исфрлила од дома без оглед на тоа што во тој момент ги имал сите услови за самостоен живот надвор од нивниот дом.

 

- Реклами -