27.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаПоследно збогум- Другарите се простија од Др Нешковски

Последно збогум- Другарите се простија од Др Нешковски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во СДСМ денеска се одржа комеморација по повод трагичната прерана смрт на нивниот партиски колега и другар, Трајче Нешковски.

<

Членовите на социјалдемократската младина се простија од својот прерано починат другар со кого поминале денови протестирајќи против претходната власт и борејќи се за правда и демократија.

На комеморацијата која поради почитување на мерките за Ковид19 се оддржа надвор од зградата на партијата, беа присутни премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, како други личности врвот на СДСМ и СДММ, како и голем број на социјалдемократи.

Пред два дена МВР објави дека на 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.  Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

https://www.facebook.com/ac12707c-99a7-43c8-a7ba-59e0abf3c4b9

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски објави дека се работи за нивен партиски другар, колега, доктор и пријател.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...