9.9 C
Ohrid
среда, април 17, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: "Се додека постојат македонците ќе постои и македонскиот јазик и обратно...

Заев: “Се додека постојат македонците ќе постои и македонскиот јазик и обратно “

Премиерот Зоран Заев денес во своето поздравно обраќање на Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извори на научни истражувања (дома и надвор)“, порача дека сè додека постојат Македонците, ќе постои и македонскиот јазик и обратно.

„Со години сум покровител на оваа конференција за македонскиот јазик и секогаш е мое задоволство да сум тука со вас“, изјави Заев и порача дека неговата Влада е силно посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик.

„Оваа Влада е искрено посветена да го негува и унапредува македонскиот јазик. Нашиот јазик е наш идентитет“, порача премиерот Зоран Заев.

„Денес нашиот македонски јазик е признаен од целиот свет, неговата посебност е впишана во личната карта на нашата земја, во големото семејство на народи и земји членки на Обединетите нации“, порача Заев и нагласи дека „јазикот на Блаже Коневски, Анте Поповски, Славко Јаневски, Петре М. Андреевски, Оливера Николова и многу други денес се изучува на 30-тина Универзитети“.

Заев доби благодарница за поддршката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и порача дека сите граѓани треба да бидат чувари на македонскиот јазик, затоа што јазикот сме сите ние.

Tocka.mk

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Албанец одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик. (Видео)

Граѓанин одбива да прими казна оти била напишана на македонски јазик На социјалните мрежи се споделува видео на коешто се гледа како двајца македонски полицајци...

Да се врати средното полициско училиште, полицајците со сѐ послаб просечен успех!

Независниот полициски синдикат бара враќање на средното полициско училиште. Главна причина за тоа, е според нив, се послабиот просечен успех на кандидатите за полицајци во...

Максим: Нема да коалицирам со ова раководство на СДСМ после парламентарните избори

А1он (ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара 17/04/2024 - 16:47202 Од: Александар Тодески SHARE Нема да коалицирам со ова раководство...

Затвореници се обиделе да убијат осуденик во затворот Прилеп

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“. На...