5.9 C
Ohrid
сабота, февруари 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСтевчо до Каракачанов: Дојди да ги урнеш спомениците, но да не бегаш...

Стевчо до Каракачанов: Дојди да ги урнеш спомениците, но да не бегаш на бел коњ преку Страцин, како што бегале твоите на 14 јуни 1943

spot_img

Ах што не сум министер за одбрана! Ни премиер ни претседател фермам. Еве што би му рекол на оној што го краси мирот-Красимир Каракачанов: Путин иде на чело на вечниот полк и Србите исто маршираа во Ниш, а вие Бугарите може само да имате инжинерски полк.

<

Кога ти е толку мерак да рушиш таму кај што твоите предци „какале“ дојди на чело на полкот. Ќе дојдеш ама пази да не поминеш како командантот на главнината на 52-та бугарска дивизија после битката кај Чупино брдо. Моите соселани го виделе како во галоп јури преку Живкова рупа. Не галопирал од бес туку од зорт. Зошто Михајло Апостолски ги направил салата и нему како командат не му преостанало ништо друго освен да бега и тоа на белиот коњ, по што самите Бугари потоа го стрелале на Страцин.

Инаку битката кај Чупино брдо се одиграла на 14 Јуни 1943 година помеѓу 3-та Македонска ударна бригада; 6-та Јужно моравска бригада и во битката учевствувале дел од Косовските баталјони. Големиот стратег Апостолски долго го подготвувал овој судир и ги фатил во потковица бугарските фашисти и потоа следувал масакр.
Во 2007 година присуствував на чествувањето на денот кога се одиграла битката. Беше дојден еден преживеан борец од Врање. Тој одржа пригодна реч во која што рече:

„Ние бевме во составот на таканаречените Осоговски батаљони, вкупно бевме 2900 борци а против нас во зоната на нашето делување беше 52-та Бугарска дивизија со вкупно 12 илјади војници“. Но, како што рече тој: „Ја имавме таа среќа да бидеме под директна команда на Михајло Апостолски, па така бевме тактички добро подготвени и многу мобилни. За пример ќе ви кажам во едно попладне од Црна трава во Србија до врвот Лисец кај Кратово изведовме убрзан марш од скоро 50 км. Негде пред зори со бајонети во заби доползевме до бугарските позиции и започнавме да се колеме со бајонети. Ех, се сеќавам во таа битка пред зори тешко ја ранија со бајонет вашата хероина Вера Јоциќ“. Се сеќавате нели на песната „Очи“ од Ацо Шопов таа се однесува на Вера Јоциќ: Три дена на раце те носевме збрана, со тага и болка на погледот срцен, и секоја капка на твојата рана ко крвава жар ни капеше в срце…!

И тогаш Каракачанче сте мислеле дека сте многу силни оти сте биле побројни и повооружени ама Генерал Апостолски ве дигна на клоци.

Затоа пак ќе ви кажеме не се мангупирајте многу зошто Македонката како што знаеше да го роди најголемиот војсководец во историјата на човештвото Александар Македонски, да ги роди Сандански и Делчев така ќе роди и нов Апостолски.

п.с. Сдсмовчиња! Престанете да мјаукате и удрете на маса еднаш сите ќе ве поддржиме.

Стевчо Јакимовски

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Македонија ќе се одржи натпревар во јадење ќебапи – Наградата е 500 евра!

Натпреварот е можност за учесниците да ги покажат своите вештини и да се борат за главната награда, која изнесува 500 евра. Доколку уживате во вкусот...

Жена од Гостивар физички нападнала полицаец во кафана.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење...

Заев за Груевски: Колку треба човек да е забеган во умот да поверува дека градам кула во ДУБАИ.

Откако поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук од Будимпешта изнесе тврдење дека експремиерот Зоран Заев „започнува изградба на кула од 82 ката во Дубаи“,...

Објава на Груевски: Заев гради кула од 82 ката во Дубаи вредна над 600 милиони евра

Поранешниот премиер Никола Груевски во објава на Фејсбук тврди дека Зоран Заев инвестира во изградба на кула со 82 ката во Дубаи, вредна над...