Министерката за образование, Мила Царовска најави дека е можно наставниците да предаваат и онлајн од дома, за како што рече, да не се загрева цела училница за еден наставник.
<
„Разговараме со градоначалниците за рационализација на средства, да не се расфрламе со пари за загревање на цела училница за еден наставник и тие пари да може да се искористат во набавка на ИТ-уреди“, кажа министерката по посетата на ОУ „Љупчо Сантов“ во Кочани.