6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаНоќните клубови бараат државата да им испати 30% од бруто приходот заради...

Ноќните клубови бараат државата да им испати 30% од бруто приходот заради осуммесечната забрана.

spot_img

Ноќните клубови по остварениот протест заедно со рестораните за свадби и естрадните уметници беа повикани на разговор со Премиерот, Министерот за здравство и останати претставници на Владата на Република Северна Македонија

<

Согласно состанокот на кој се разговараше за помош на Ноќните Клубови и објаснувањето дека како најпогодени од целата ситуација, со тоа што веќе 8 месеци сме присилно затворени со клуч на врата немаме добиено никава финансиска помош од државата , ние дојдовме до договор за доставување на наши барања кои би биле разгледани со цел постигнување на договор со што би се помогнал опстанокот на ноќните клубови во државата.

По доставувањето на нашето барање за финансиска помош во висина од 30% од бруто приходот на секој ЛИЦЕНЦИРАН објект за месеците во кои НЕМАМЕ работено и за месеците што нема да ги работиме во иднина со што би можеле да ги сервисираме настанатите долгови за ќирии, паушали за (струја,вода,телефони,интернет), закуп на паркинг простори, обезбедување на објектите и сл. и би продолжиле да ги сервисираме во идните месеци во кои нема да работиме , зошто со новонастанатата ситуација и порастот на бројките на заболени сигурно не би можеле да работиме во наредните 6 месеци, после две недели чекање добивме одговор дека ќе бидеме помогнати со финансиски средства во износ од 3 кирии.

Искрено оваа понуда е срамна и навредлива, после 8 месеци без ниту еден работен ден, без никаква надеж и најава за наше отварање, после сите образложени трошоци со кои се соочуваме секојдневно да ни се понуди финансиска помош од само 3 кирии е апсурдно.

За воља на вистината Ноќните клубови единствено кај нас од целиот регион се комплетно затворени веќе 8 месеци, сепак од целиот регион кај нас бројките на заболени се највисоки што укажува на тоа дека очигледно ние не сме причинители за ширењето на заразата и на нас ни е предизвикана најголема штета без никаква финансиска поддршка до сега што води до пропаѓање на нашите бизниси. Нашиот праг на толеранција е веќе поминат и оваа понуда од страна на Владата на Република Северна Македонија ќе биде проследена со масовни протести и тужба кон државата за настанатата штета и нарушеното Уставно право да работиш и да заработуваш.

Со ова известување би сакале да го поздравиме Премиерот Зоран Заев и неговото ветувачко однесување со разбирање за нашиот проблем и ветување за изнаоѓање на решение и да му дадеме до знаење дека долговите настанати од присилното затворање, со бизнис кој воопшто не работи немаме од каде да ги подмириме. Со тоа максимално е нарушен нашиот углед, како и егзистенцијата на нашите фамилии за кои треба да обезбедиме храна, облека и лекарства во периодот кој следува.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...