33.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветТедрос Гебрејсус: Јас разбирам дека луѓето се уморни но не смееме сега...

Тедрос Гебрејсус: Јас разбирам дека луѓето се уморни но не смееме сега да се откажеме !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека човештвото не смее да се откаже од борбата против коронавирусот.

<

„Не смееме да се предаваме“, рече Гебрејсус, кој призна дека по неколкумесечна борба со коронавирусот, од кој како последица починаа 1,1 милион луѓе ширум светот, постои одреден замор.

Генералниот директор на СЗО ова го изјави ден откако шефот на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД нема да ја контролираат пандемијата на коронавирусот.

„Еве што ќе направиме. Нема да ја контролираме пандемијата, ќе го контролираме тоа да имаме вакцина, терапија и други средства за ублажување на болеста”, изјави шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоус за Си-ен-ен, додавајќи дека вирусот е заразен исто колку грипот.

Гебрејсус рече дека ширењето на вирусот може да се спречи само доколку службените и одговорни лица брзо реагираат.

Според последниот биланс, најмалку 1.155.301 лице починале од коронавирус ширум светот, а повеќе од 43.080.500 луѓе биле заразени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...