8 C
Ohrid
четврток, ноември 26, 2020
Почетна Македонија Вело Маркоски до Филипче: До каде се бесплатните вакцини за сезоноскиот грип???

Вело Маркоски до Филипче: До каде се бесплатните вакцини за сезоноскиот грип???

Translate (Eng):[gtranslate]

Загрижени сме како и сите граѓани за големата смртност, хаотичните мерки и немањето на стратегија за справување со ковид-19. Сметаме дека Македонија со други кадровски решенија може многу поуспешно да се носи со целокупната состојба во здравството, изјави денеска на прес конференција Вело Марковски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи 12 причини, поради кои, како што рече, одговорност треба да поднесе министерот за здравство Венко Филипче.

 

РЕКЛАМА

– Не се избра модел/стратегија за справување со ковид-19. Со лажно прикажување на позитивните како заболени се направи непроценлива штета на државата, во текот на летото поради ваквите привидни бројки бевме изолирани скоро од сите околни држави. Иако никогаш не се прогласи завршување на првиот бран, се дозволија голем број јавни собири во тек на летото (концерти, свадби, прослави…) Во тоа време комисијата се опушти, не се испланира почетокот на школската година, не се одржа ниеден симпозиум или конференција за изедначување и доктринарни ставови за лекување на болни со ковид-19. Не се изработија релевантни дијагностички протоколи. Денес со околу 28.000 позитивни и 949 умрени се бара вина кај народот, кај политичките опоненти, кај стручни лица, кај сите освен кај себе. За жал и покрај највисоката смртност во светот ако се анализираат само последниве месеци по милион жители, изостанува одговорност, чувство на грижа на совест, но пред сѐ, изостанува анализа. Нема стручна комисија која ќе утврди дали и зошто имаме висока смртност – рече Марковски.

Тој праша зошто и како некој дозволил тестовите да се движат од 30 до 100 евра, а за итни случаи и по 200 евра од тест.

Не се направи специјално тело/комисија за справување со ковид-19. Во работата на сегашната комисијата не е вклучен ниеден специјалист инфектолог кој работел најмалку 10 години на одделение за респираторни инфекции. Бидејќи се обврзавме дека здравјето на сите ни е најважно од сѐ, се прашувам дали навистина е така. Во период кога очекуваме епидемија со сезонски грип, судирот на ковид-19 и грипот е сериозна закана. Сезонскиот грип ќе ги исполни болниците, ќе ги десеткува здравствените работници, ќе ја зголеми смртноста и паниката. Водејќи грижа само за болни од ковид-19 ги запоставивме хроничните болни, болните со малигни заболувања, систематските прегледи, превентивните мерки итн. – додаде Марковски.

Тој го праша Министерството дали обезбедило тестови за други причинители како адено вируси, инфлуенца, пара инфлуенца, микоплазма, инфекции кои тешко клинички се разликуваат од корона вирусните инфекции. Според него, во есенските и во зимските месеци мора паралелно со Сарс ков -2 да се тестираат уште десетина можни причинители на горно респираторни инфекции.

– Зошто не се вакцинирани ризичните групи за сезонски грип? Вакцината за грип секогаш на северната хемисфера се спроведува во октомври. Препораките на СЗО беа оваа година да се зголеми бројот на вакцинирани. Кај нас сѐ уште не е почната вакцинацијата и најверојатно сѐ уште нема набавено вакцина. Препораките на СЗО се да се вакцинираат најмалку 75% од припадниците на ризичните групи. Дали е обезбедена бесплатна вакцина против сезонски грип за сите здравствени работници? – праша тој и потсети дека во земјите од ЕУ од 3-68% од здравствените работници се вакцинираат секоја година.

Марковски смета дека Комисијата требало да ѝ предложи на Владата набавка на барем 100.000 квалитетни вакцини за сезонски грип уште рано пред летото. Тој наведе дека Германија со 83 милиони жители има набавено 26 милиони дози за сезонски грип. САД помеѓу 194 и 196 милиони.

- Реклами -