7.8 C
Ohrid
вторник, ноември 24, 2020
Почетна Македонија Џафери: Ајде да го донесеме СВЕТОТ во Северна Македонија.

Џафери: Ајде да го донесеме СВЕТОТ во Северна Македонија.

Translate (Eng):[gtranslate]

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска се обрати на работната средба за пратеници „Вовед во улога и функција на Клубот за младински прашања и политики“, на која треба да се основа новиот Клуб за младински прашања и политики на овој парламентарен состав.

Овој настан, рече Џафери, е всушност почеток на продолжението на една иницијатива која своите зачетоци ги има од 14 октомври 2017 година, кога беше формиран Клубот за младински прашања и политики во Собранието на Република Северна Македонија. Иако, како што потенцира, замислен во својот неформален состав да биде со пратеници до 35 години, тоа не претставувало, а верува дека ниту сега ќе претставува проблем за сите кои чувствуваат дека имаат како и што да придонесат во насока на унапредување на статусот и положбата, како и заштитата на интересите на младите.

Ве охрабрувам да се посветите сериозно на задачата со која се задолжувате, затоа што верувајте, резултатите од овој ангажман, ќе бидат во полза на сите млади генерации, и актуелните, и идните. А кој најдобро ги познава потребите на младите? Се разбира токму младите кои имаат потреба да ги шират крилата, да истражуваат и откриваат нови длабочини, нови височини. Имаат потреба и заслужуваат да бидат на исто рамниште со своите врсници од високо развиените земји каде што на секој од нив се гледа подеднакво, и му се нудат еднакви можности за учење, надградување, вработување и напредување на професионалното скалило, рече во обраќањето Џафери.

РЕКЛАМА

 

Според него, што е уште поважно, високо развиената свест за еднакви граѓани со еднакви права и обврски, при тоа, почитувајќи ги разликите и карактеристиките на сите етнички заедници поединечно, ќе произведе задоволни, среќни и лојални граѓани на оваа мала но прекрасна земја која верувајте е доволно голема за да обезбеди топол дом, безбеден и квалитетен живот за сите свои граѓани со еднакво почитување на демократските и основните човекови права и обврски.

Ние навистина имаме огромен потенцијал и мораме да направиме се што е во наша моќ да погледот на тие капацитети не биде свртен кон Западот туку свртен кон дома. Да го донесеме светот тука, а не да ни заминат младите во светот, истакна претседателот на Собранието.

Тој во говорот потсети на тоа што било направено од страна на досегашниот Клуб на млади, потсетувајќи на донесувањето на Законот за младинско учество и младински политики кој што беше усвоен со поддршка од сите пратенички групи во Собранието во Јануари 2020 година, по што следела и координација со институции на централно и локално ниво за обврските кои треба да бидат преземени од Законот за младинско учество и политики, со цел поефикасна и целосна имплементација на Законот.

Клубот беше исто така активен и на меѓународната сцена, посветен на промовирање и застапување на младинските интереси на меѓународните настани, како и на собирање на позитивни искуства и пракси, особено од земјите членки на Европската Унија. Како резултат на таквата активна соработка со Европски Парламент и потпретседателот на Европски Парламент, лидерот на Програмата за Млади Лидери на Европски Парламент, Собранието на Република Северна Македонија, заедно со тие европски институции беше домаќин на настанот „Премостување на јазот – Политички дијалог на високо ниво”, на кој што учествуваа пратеници од шест парламенти од Западен Балкан и младински активисти и младински организации, истакна собранискиот спикер.

Покрај тоа, додаде Џафери, беше формирана и Регионална мрежа на Парламентите од Западен Балкан на Младински клубови чија цел е поврзување на сите Клубови со цел младинската агенда да биде ставена високо во приоритетите на Унијата и на земјите од Западен Балкан.

Во таа насока, неодамна имав средба и со претставници од минатиот Клуб за младински прашања и билатералните младински канцеларии за соработка, кои се дел и обврска од имплементацијата на Договорот од Преспа, и се најдобриот начин за охрабрување и интензивирање на взаемната соработка со соседите, со кои можеме и мораме да научиме да живееме, соработуваме и напредуваме заедно, како земји и како регион. И тогаш им потврдив, и сега потврдувам, институциите се тука за спроведување на државниот интерес и олеснување и подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани, а младите се најскапоценото и највредното што го имаме, рече во обраќањето претседателот на Собранието.

- Реклами -