14.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПремиерот Заев -Казни до 30 000 евра за оние компании кои ќе...

Премиерот Заев -Казни до 30 000 евра за оние компании кои ќе ги прекршат здравствените прописи

„Новината согласно Законот е дека ќе има казни за сите што не ги почитуваат мерките, а тоа носење на заштитната маска на отворено, важи за сите освен за децата под 6 години. Новина е што се зајакнати надлежностите на инспекторите, посебно во делот кога тие настапуваат кон санкционирањето. Инспекторите ќе имаат можност да пломбираат и затвораат објекти, тука мислам и на угостителските објекти, да испорачуваат казни и тоа поприлично високи, за угостителските и правните субјекти, казните стигаат и до 30.000 евра, и тоа е сериозна новина .

Истовремено, најважна е одговорноста. Одговорноста на сите мора да биде на највисоко ниво, и во тој дух, реално ја повикувам и опозицијата и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски, за одговорно однесување, затоа што ја става во дилема и ја доведува во опасност јавноста со неодговорното однесување. Сите мора да бидеме одговорни, пресериозна е состојбата и кризата во Европа, во целиот свет и во Северна Македонија,“ рече премиерот.

„Јас верувам дека граѓаните најмногу очекуваат од нас одговорност и посветеност во функција на помагање на сите оние коишто работат. Уште еднаш им симнувам капа и ги поздравувам здравствените работници, кои како што реферираше и министерот имаат сè уште ентузијазам и работат посветено. Се нудат 100-тина млади специјалисти од последната година на студии, се прераспределуваат околу 60-тина административни капацитети да помагаат со изработката на решенијата во служба на ДЗСИ (Државниот здравствен и санитарен инспекторат). Предвидовме во ребалансот средства за награда на здравствените работници кои работат на ковид. Сè тоа со цел да постигнеме најдобри возможни успеси во оваа борба.

Тешки се моментите, сите губиме блиски, гледате кризата е насекаде, но новите тестови кои се во набавка даваат многу брзи резултати, во Буџетот вградивме нови 78 милиони денари за нови тестови. Овие тестови ќе помогнат за тестирање на големи капацитети. Во фабриките кога се тестираат сите наеднаш, тестовите покажуваат дека има 3-4% од вработените кои не ни знаат дека се позитивни, ова ни кажува дека вирусот е насекаде околу нас, со мали или појаки симптоми, но дефинитивно во било кој од овие случаи, личната заштита е најдобрата превенција која дава резултати насекаде и тука и во регионот и во Европа и во светот. Затоа апелирам до целиот народ, да се придржуваме до мерките, си ги имаме најблиските околу нас, да ги слушаме стручните лица. Оваа комисија е комплетно стручна, членовите животот го живеат од наутро до доцна во ноќта посветени на кризата, таму нема партиски книшки ниту политички определби и затоа сите треба да дадеме свој придонес, без разлика дали сме партии, експерти, универзитетски професори, кои ќе дадат придонес во справувањето со оваа криза,“ додаде премиерот Заев.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...