18.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтрумичанецот кој до лани лажеше дека е познат светски тенисер, сега организира...

Струмичанецот кој до лани лажеше дека е познат светски тенисер, сега организира лажни наградни игри !!!

Како што сите знаеме дека во последно време социјалните мрежи стануваат се помоќни алатки за маркетинг и многу лажни информации ретко кој од нас ги истражува и проверува колку се веродостојни, неодамна се појави профилот на инстаграм од лажниот тенисер Дарко Грнчаров, кој пред неколку години направи огромен хаос со лажни информации и лажно представување како тенис ѕвезда, исто така лажните наградни игри со банките го сакам кам, ледиком ги смислил Грнчаров пишува Доказ.мк.

Тој има верифициран профил на инстаграм, кај повеќето кои не знаат ништо за него тој изгледа “голем” само затоа што има многу купени followers и плавата значка. Но што е пострашно дека веќе почнува да оранизира наградни игри со македонски фирми/компании?!Дали можеби треба да се запрашаме како овие Македонски компании прифаќаат соработка со вакви профили и дали воопшто се свесни за истото дека се изманипулирани или можеби соработуваат и организираат лажни наградни игри со тоа што го користат за маркетинг лажниот профил?

А доколку малку повеќе истражите за името Дарко Грнчаров на инстернет ќе ви се појават само лажни информации!

Дарко Грнчаров со сигурност ќе остане запаметен по неговата неверојатна желба да го добие медиумското внимание, и да стигне до терените на кои играле светските тениски ѕвезди.После оваа епизода со сознанија дека има само голема желба за тенис, но дека не е добар играч, бидејќи евидентиран е само еден негов меч против Вуковиќ на турнир во Црна Гора, во 2015. година. Грнчаров го загубил со два пати по 6:0. Како што рекол Вуковиќ – „Резултатот кажува се“.
Но, можеби за Дарко Грнчаров нема да има втора шанса ниту на тениските терени ниту во медиумските простори бидејќи сите ќе го памтат како „оној измамникот“.

Доказ.Мк

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...