23.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМаж од Гевгелија со пиштол се обидел да ликвидира извршител !!!

Маж од Гевгелија со пиштол се обидел да ликвидира извршител !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на неговиот долг.

<

– Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот, по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот, се вели во соопштението на ОЈО.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до Судот доставил и судот го прифатил предлогот за определување на мерка притвор во траењет од 30 дена за осомничениот.

Против лицето постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...