13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонија„Северна“ Македонија пред Уставен: Ќе се преиспитува уставноста на промената на името...

„Северна“ Македонија пред Уставен: Ќе се преиспитува уставноста на промената на името !!

Уставниот cyд кон крајот на неделава ќе расправа по иницијативите за преиспитување на уставноста на четирите уставни амандмани. Четирите уставни амандмани беа изгласани од македонското собрание минатата година во јануари.

Станува збор за уставните амандмани, 33, 34, 35 и 36. Со првиот од нив Република Македонија, беше преименувана во Република Северна Македонија.

Според неофицијални информации на Слободен печат, освен иницијатива со која се oспоруваат четирите уставни амандмани, до Уставниот cуд има поднесено иницијативи и за оценување на уставноста и на Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и на Референдумот. Во сите нив се приговара дека актите изгласани во Собранието, се нeзаконски и нeуставни и не се во интерес на граѓаните.

Минатата година на 11 јануари, Собранието со 81 глас ги изгласа уставните амандмани. Со амандманот 33 во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36. Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата од Уставот.

Според амандманот, зборовите „кои живеат во нејзините граници“ се заменува со „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници, граѓаните на РМ, македонскиот народ, и дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите“.

Амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави, а амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...