5.2 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаФункционерите се тестирале бесплатно и преку ред за да се заштитат !!!

Функционерите се тестирале бесплатно и преку ред за да се заштитат !!!

spot_img

Министрите, но и другите јавни функционери од власта се тестирале ургентно во јавните здравствени установи, бесплатно и без да чекаат, бидејќи морало да се заштити функционирањето на државните институции.

<

Овој одговор го доби новинарката Мери Јордановска од министерот за здравство Венко Филипче, на нејзиното прашање каде се тестирале неговите сопартијци за Ковид-19, односно дали платиле приватно или оделе преку ред, со оглед на тоа што се чека по минимум 8 дена за тестирање преку Мој термин.

Новинарката Јордановска, ова, а и повеќе други прашања му ги постави на министерот Филипче јавно, преку нејзиниот фејсбук профил, а сега, како што пишува, одлучила и одговорите јавно да ги сподели.

„Тие се тестираа во јавно-здравствените установи. Сите лица кои се на јавни функции и се дел од виталните органи на власта се третираат како ургентни случаи за тестирање. Ова не се прави заради никаква политичка привилегија, туку заради заштита на функционирањето на државните институции. Ова е пракса во сите земји во светот и тоа не само за пандемии, туку за секоја друг тип елементарни непогоди. Секогаш приоритет на заштита се дава на носителите на високи државни функции со цел заштита на нормалното функционирање на државата. Ве повикувам ова слободно да го проверите во сите останати земји“, одговорил Филипче.

Едно од нејзините прашања е дали тој „има било какво образложение, зошто сме на 18-то место во светот според смртност од Ковид-19, а сме на прво место во регионот“.
Првиот здравствен работник одговара дека помалите земји секогаш имаат полоша бројка на смртност кога истата се пресметува на 1.000.000 жители.

„Пресметката на смртност која од почеток ја сметаме за релеванта и која ја користи Светската здравствена организација е процент на починати од заразени. И тука сме апсолутно во рамки на европскиот просек, а далеку под некои европски земји. Денешната бројка е 3,2 отсто, додека европскиот просек е 2,9 отсто. Секако, не велам дека смртноста кај нас е ниска, но оваа статистика е важно да се објасни.

Второ и многу битно дозволете да кажам дека ова не е натпревар, кој ќе има подобар резултат, сепак зборуваме за животи, а секоја замја има свој посебен начин на евидентирање на починатите. Затоа сметам дека не е соодветно да се прават споредби. Па така би сакал да го повторам многу пати досега кажаното дека во нашата евиденција влегуваат и позитивните пост-мортем брисеви, нешто што не се прави во најголем дел од земјите во регионот и Европа. А такви брисеви се земаат од пациенти за кои семејството укажало дека имало симтоматологија на вирусот или по проценка на лекар, ако лицето почине непосредно по прием.

Ова го правиме заради подобар епидемиолошки увид и заштита на семејствата и изолација на оние кои биле во контакт. Ако престанеме ова да го правиме може да ја спуштиме смртност за минимум 30 до 40 отсто. Но освен што тоа ќе ги смени бројките, не сметам дека ќе го реши проблемот со смртноста. Развојот на болеста е непредвидлив и затоа постојано апелираме граѓаните да бидат максимално внимателни и да се штитат, а јас одговорно тврдам дека колегите даваат максимум и се борат за секој живот“, напишал министерот во одговорите до новинарката Јордановска.

Извор: Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...