21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаЖителите на струшко Велешта во тага и неверување: 21 годишниот Неџип кој...

Жителите на струшко Велешта во тага и неверување: 21 годишниот Неџип кој беше убиен од терористите, прославувал дека ќе почне на работа од утре !!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шок во струшко Велешта, по веста дека во терористичкиот напад синоќа во Виена загина, Неџип Вренези, кој по потекло бил од ова струшко село.. Вренези бил роден во Виена, бил со австриски пасош, но редовно доаѓал во родното место на неговите родители.Последен пат бил во јуни годинава. Жителите раскажуваат дека бил добро и мирно дете и пример за околината.

<

„Беше многу добро дете.Таму беше родено.Неговиот татко има скоро 45 години како е во Виена.Многу добра и ценета фамилија се.Големи работници се.Тешко за фамилијата, но им посакуваме господ да им дава мир и трпение“.

„Она што денес се зборува во Велешта, по синоќешниот настан во Виена е дека 21 годишниот Неџип Вранези од Велешта, пред неколку дена го завршил служењето на воениот рок во Австрија и од утре требал да почне на ново работно место. Всушност вчерашното негово излегување според кажување на велештани било прослава за новото работно место“.

Роднините на Неџип велат дека се уште не можат да поверуваат што се случило.

„Нас ни е внук од братучетка.Жално е ова што се случи за родителите, за нас како роднини но и за сите селани овде.Тој е роден таму и таму живееше.Сега заврши војска таму,како граѓанин со астриски пасош. Од денес требаше да почне со работа.Му се јавил на еден од другарите австријци дека почнува на работа и оти сака да се прослават. Излегле во некое кафуле, но бидејки таму е забрането пушењето внатре,излегле надвор на пушење.Откако ги запалиле цигарите, по неколку минути, пристигнале истрели од оружје од позади.И го погодил него, но неможел да преживее“.

Каба се потсетува дека Неџип бил момче со западен менталитет на живот и однесување, кој пораснал и се образувал таму.Не ги познавал сите во Велешта, но оти со задоволсво доаѓал овде.Вели дека телото на Вренези ќе биде погребано во Велешта.

Miki Trajkoski алсат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со потврда од матичен лекар, невработените до четврток можат да се пријават за гаснење пожари

400 невработени лица за помош при гаснење пожари на Владата е отворен до четврток, потсети денес Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и...

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...