17.4 C
Ohrid
четврток, мај 15, 2025
ПочетнаСветВо САД гласале и „мртви“, штабот на Трамп поднесе жалби а има...

Во САД гласале и „мртви“, штабот на Трамп поднесе жалби а има и протести во неколку држави

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе жалби во Пенсилванија, Мичиген и Џорџија, поставувајќи основа за оспорување на гласањето во земјите каде заостанува зад демократот Џо Бајден.

<

Новите жалби, кои се приклучуваат на постојните тужби на републиканците во Пенсилванија и Невада, бараат подобар пристап на набљудувачите од штабовите до локациите каде се обработуваат и бројат гласачките ливчиња и изразуваат загриженост за гласањето во отсуство, соопштија од штабот на Трамп.

– Штабот на Трамп се обидува да интервенира и во случајот Пенсилванија во Врховниот суд, со прашањето дали може да се избројат ливчињата добиени до три дена по изборите, изјави заменик-менаџерот на кампањата, Џастин Кларк.

Републиканците исто така најавија дека ќе бараат пребројување на гласовите во Висконсин, држава каде АП вчера го прогласи и Бајден за победник.

Менаџерот на кампањата Бил Степиен ги наведе „неправилностите во неколку окрузи во Висконсин“, без да наведе детали.

Рудолф Џулијани, правен советник на американскиот претседател и републикански кандидат Доналд Трамп, во говорот во Филаделфија рече дека „се случува голема измама“ на изборите во САД.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, меѓу другото, даде бизарни проценки во својот говор, како на пример дека „мртвите и марсовците“ можеби гласале на изборите, како и дека демократскиот кандидат Џо Бајден можеби гласал за себе 5.000 пати.

 

Пред да замине за Филаделфија, Џулијани на Твитер рече дека отишол во Пенсилванија со правен тим за да ги оспори резултатите од изборите во таа сојузна држава, што се смета за важно за исходот на изборите во САД

Трамп се огласи на Твитер откако објави законска процедура поради пребројувањето на гласовите во Висконсин и Мичиген, во кои според неофицијалните податоци победи неговиот противник, демократот Џо Бајден.

„Нашите адвокати бараа пристап до податоци, но каква корист од тоа? Штетата е веќе направена на интегритетот на нашиот систем и на самите претседателски избори. За тоа треба да разговараме! “, напиша Трамп.

Бајден вчера рече дека пребројувањето треба да продолжи во сите држави, додавајќи дека „никој нема да ни ја одземе демократијата, ниту сега ниту никогаш“

Засега, Бајден има освоено 264 изборни гласови од 270 неопходни за победа на претседателските избори во САД.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гитаристот на ДНК, Горан Тонев: Колку што сум среќен за мојот живот, толку сум и тажен за моите пријатели !!!

Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев покрај Панчо и Ана е третиот член на бендот кој остана жив во пожарот кој ја зафати кочанската...

Бектеши, излезе од зад решетки и сега издржува куќен притвор

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, осомничен во предметот за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, од вчеравечер е дома. Мерката ефективен притвор му е заменета...

Апасиев го гаѓал Пеката со филџан во Собрание, откако овој му се заканувал

Денеска во Собранието имало инцидент кога пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески – Пеката му се заканил на пратеникот од Левица Димитар Апасиев поради тоа...

Инцидент меѓу Апасиев и Пеката од ВМРО-ДПМНЕ, реагирало собраниското обезбедување

Инцидент во ходниците од Собранието меѓу лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристевски, објави Локлано. Според очевидци, пратеникот од...