24.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаНема напредок за Бугарија да каже "да" мора прво да ја...

Нема напредок за Бугарија да каже “да” мора прво да ја признаете историската вистина и бугарските корени

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во моментов Бугарија не е во состојба да ја одобри Преговарачката рамка со РС Македонија. Има Договор за пријателство и добрососедство којшто е потпишан во 2017 година, ратификуван во 2018, но тој се исполнува, вели бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

<

Во изјава за БТВ таа објаснува дека позицијата на Бугарија не е нова и дека за тоа има консензус.

„И покрај шпекулациите во Македонија, Бугарија нема претензии за тоа како се определуваат граѓаните на таа земја, но и Македонците не треба да имаат претензии кон бугарската историја. Но, не не загрижува само историјата, туку и јазикот на омраза. Непризнавањето на историската вистина води до сериозни проблеми во односите меѓу двете земји. За разлика од останатите балкански држави, како Грција и Турција со кои имаме споделена историја, со РС Македонија имаме заедничка историја“, изјавила Захариева, обвинувајќи дека „Скопје потпиша Договор, а сега се обидува да го избегне“.

Според неа, треба да има добра волја да се исполнува потпишаното, а не да се бара начин како да се заобиколи.

„Ние не сакаме бугарско малцинство во РС Македонија, зашто тоа ќе значи признавање на делото на оние кои 75 години работеа на уништувањето на бугарската самосвест на населението таму. Таму треба да се создадат услови за луѓето кои имаат бугарско самосознание да не бидат дискриминирани и да можат слободно да кажат што се“, изјави Захариева.

Според неа, преговарачките тимови треба да работата, но се уште не е постигната согласност за сите прашања за да каже Бугарија „да“. Истото и премиерот Бојко Борисов ѝ го објаснил на канцеларката Ангела Меркел, дека напредокот не е доволен.

Во однос на Заедничката бугарско-македонска комисија и согласноста за 5 личности од средновековието, вели Захариева, важно е дека тој резултат не објавен јавно и не е влезен во учебниците.

„Тоа значи дека резултатот од работата е минимален, бидејќи не допрел до македонското општество“, додава таа.

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...