13 C
Ohrid
петок, октомври 18, 2024
ПочетнаМакедонијаВаско Тодоров: Во Австралија има повеќе Македонци, него тука во Македонија !!!

Васко Тодоров: Во Австралија има повеќе Македонци, него тука во Македонија !!!

Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот гостуваше во емисијата Еден на еден со Жаре каде што говореше на неколку теми.

„К-15 го направивме ние затоа што сакавме да го направиме. Тоа е наш начин на хумор, на израз, на сатира на сето тоа што го пласиравме. Прво се чудеа луѓето кога се појави, првата сезона беа збунети, со перики вакви онакви, не беше видено такво нешто.

 

Имаше многу поделени мислења, 90 посто не не сакаа, а 10 посто не сакаа по првите епизоди, ова сериозно го велам“, вели Васко и додава:

„К-15 постоеше толку години зошто луѓето одлучија така да биде. Драго ми е што и нови генерации растат со тие скечеви, тоа ми е големо признане.

 

„Полесна работа од скеч нема, нешто најпросто, само да ти текне, да ти направи сценарио, да го изрежира, да го измонтира, да има поента, да има штос почеток, и крај да најдеш телевизија. Еден пријател имаше стовариште, ми вика лесно ми е мене, ја му велам соберете се и снимајте и вие“, низ шега вели популарниот Тошо Малерот.

 

„На времето имаше еден телефон во претсторија и имаше друга комуникација. Сега на овие деца да им кажеш дека немало интернет и мобилни телефони ќе ти прашаат од која пештера си искочил. Ние велиме, ама деца не знаете колку беше убаво, но тоа нив не ги занима, не знаат како било.

„Во денешно време сите сакаме пари, мене кога ќе ме прашаат зошто ти се пари, јас велам мене ми се парите за да си купам слобода и независност. Јас во парите не гледам моќ да владеам да имам поданици. Најбитно во животот мене ми е дали некој седи со мене затоа што сака или затоа што мора.

 

Ние како К-15 не сме имале големи пари, ние сме биле со кредити со К-15 продукција. Ние сме зимале некои плати сме имале коректна живеачка, сум можел да си направам ќејф.

Добро познато е дека Васко Тодоров откако згасна К-15 еден период се пресели и живееше во Австралија, но во меѓувреме се врати во нашата земја, па реши да сподели како е таму:

 

„Во Австралија има македонски кујни, луѓето си прават, ајвари и пинџурии, и ра кија и вино. Имаш македонски производи и се. Таму мислам дека има повеќе Македонци него тука.

галама

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициска акција за дрога во Тетово и Охрид: Уапсени 13 лица, едно е во бегство!

Претреси на 17 локации во Тетово и Охрид, уапсени се 13 лица, а едно лице е во бегство – ова е исходот од денешната...

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

Како што информират од Општина Велес, на Денот на жалост, знамињата во Општина Велес ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски...

Боки 13 на игра ќе доделува 7 автомобили и стан во Скопје.

Боки 13 лицето кое до неодамна беше во затвор а ослободен поради влошената здравствена состојба, го организара најголемиот Giveaway во Македонија... Македонијо започнува најголемиот GIVEAWAY...

Русковска: Не сум го читала светото писмо, затоа што не сум верник !!!

Ни помалку ни повеќе не сум горда за предметот за 27 април од другите предмети, тврди разрешената шефица на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска во...